„Да споделиме радост“: Хуманитарна акција на ЕВН Македонија и Црвен крст

ЕВН Македонија и Црвен крст на Република Македонија и годинава ја организираат хуманитарната акција „Да споделиме радост“.

img

Во рамките на оваа акција 300 деца од социјално загрозени семејства и деца со посебни потреби ќе проследат новогодишна претстава, проекција на детски анимиран филм и ќе добијат новогодишни пакетчиња.

-Акцијата почна од Скопје со заеднички новогодишен настан во Кинотека Македонија каде 150 дечиња се дружеа и фотографираа со Дедо Мраз и добија новогодишни пакетчиња. „На новогодишните празници најмногу им се радуваат децата. Да се биде дел од таа радост и да се сподели истата со другите е голема чест и задоволство, затоа веќе традиционално заедно со Црвен крст на РМ ги организираме овие дружења со дечињата,  рече Ленче Карпузовска раководител одделот за Комуникации во ЕВН Македонија.

Сузана Тунева Пауновска секретар на Црвен крст на град Скопје, посочи дека ЕВН Македонија и Црвен крст на РМ ќе организираат претстава, средби со Дедо Мраз и ќе поделат новогодишни пакетчиња и за децата од Битола, Штип, Струмица, Кочани, Кичево, Струга и Гевгелија.

Празничната недела ќе заврши со учеството на ЕВН во манифестацијата „Новогодишните бои на Скопје“ каде корисниците кои ќе победат на конкурсот за најубаво украсен двор, куќа, тераса и угостителски објект ќе бидат наградени со еднократно ослободување од плаќање на декемвриската сметка за електрична енергија.

Објавено среда, 28 декември 2016 05:01:00



Барај

 

Последни вести