Илјада деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток на зимски распуст

Отпочна постапката за бесплатната услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за време на зимскиот распуст 2017 година

img

Министерството за труд и социјална политика информира дека отпочна со постапка за прибирање на барања на лица корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, посебен додаток,  детски додаток, родителски додаток како и деца без родители и родителска грижа, за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација за своите деца во текот на зимскиот распуст за учебната 2016/2017 година.

Со овој проект предвидено е да се опфатат  1000 деца родени во периодот од 2002 до 2007 година или деца редовни ученици  кои во учебната 2016/2017 година посетувале петто, шесто, седмо, осмо и деветто одделение и деца корисници на посебен додаток  до 26 години.

Oваа услуга ќе ја користат деца од семејства корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, детски додаток, родителски додаток, децата  без родители и родителска грижа, родени во периодот од 2002 до 2007 година  и/или деца редовни ученици  кои во учебната 2016/2017 година посетувале петто, шесто, седмо, осмо и деветто одделение и деца корисници на посебен додаток до 26 години.

Услугата ќе се користи почнувајќи од 2.1.2017 година до 17.1.2017 година, односно во 3 (три) смени од по 6 дена, во Детското одморалиште „Бегова Корија“ Крушево.

Услугата на бесплатен одмор и рекреација за деца опфаќа 5 полни пансиони  (ноќевање со три оброка дневно), едукативни, забавни и спортски активности. Децата корисници на посебен додаток имаат право на придружник за време на одморот.

Превозот на децата од одреденото место од страна на надлежниот Центар за социјални работи до одмoралиштето и обратно ќе биде организиран.

За време на  користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација на децата ќе бидат ангажирани и волонтери на Црвениот крст на Македонија и одговорни лица од Центрите за  социјална работа.

Министерство за труд и социјална политика ги повикува заинтересираните лица корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, посебен додаток,  детски додаток, родителски додаток како и деца без родители и родителска грижа, да се јават за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација за своите деца.

 

Објавено среда, 28 декември 2016 02:19:00



Барај

 

Последни вести