Над 7.800 заболени од грип од почетокот на декември: Препораки од надлежните да ги зачувате здравјето

Во системот „Мој Термин“ се евидентирани 7.807 заболени од грип од почетокот на месец декември до денес. Имајќи предвид дека во претстојниот период се очекува постојано зголемување на бројот на заболени, Комисијата за заразни болести на седница одржана денеска донесе неколку препораки.

img

– Да се изврши темелна дезинфекција на сите детски градинки низ државата, од страна на Центрите за јавно здравје, во петок во попладневните часови и во сабота во претпладневните часови, а во училиштата да се изврши дезинфекција за време на распустот, односно пред почетокот на второто полугодие

– Во сите детски градинки да се врши редовна дезинфекција (еднаш на секои 2 недели) во периодот на сезона на грип, како и континуирано да се одржува зголемено ниво на хигиена и почесто проветрување

– Ограничување на посетите на хоспитализираните пациенти во болниците, со цел спречување интрахоспитални инфекции, како и вонредна темелна дезинфекција во сите јавни здравствени установи каде има хоспитализирани пациенти

– Избегнување престој во поголеми собири каде што има присуство на поголем број луѓе, како и одбегнување на контакт со заболено лице

Според информациите на Комисијата, во училиштата и градинките не е забележано поголемо отсуство на заболени деца, а имајќи предвид дека се наближува училишниот распуст, можноста за пренос на грипот меѓу учениците во училиштата се намалува.

Објавено вторник, 27 декември 2016 08:07:00



Барај

 

Последни вести