Холандската полиција задуши кумановец при апсење затоа што...

Македонски државјанин од Куманово со албанска етничка припадност е задушен од страна на полицајците додека се правеле обиди да го уапсат во еден трговски центар.

img

Точните причини за смртта не се познати, но утврдено е дека македонскиот државјанин бил задушен и тоа не го демантираше ниту шефот на полицијата во Лимбург, Гери Фелдхаус.

Патролата го пронашла кумановецот кој таму престојувал нелегално и му побарале документи. Во пасошот виделе печат дека му е одбиено барањето за азил и дека за 28 дена треба да ја напушти земјата. Според нив тој дал отпор при апсењето, па тие морале да употребат пепер спреј за да го совладаат и да му стават лисици на рацете. На 35-годишниот кумановец му се слошило, интервенирале и лекари, но тој починал.

Другата верзија на настанот е дека кумановецот ја нападнал полицијата при обидот за апсење. Кумановецот во Холандија престојувал сам, неговата мајка и сестра живеат во Германија. Посмртните останки на 35-годишниот кумановец ќе бидат испратени во Македонија.

Објавено сабота, 24 декември 2016 04:26:00



Барај

 

Последни вести