Најмалку 11 загинати во два бомбашки напади во Багдад

Најмалку 11 лица загинаа, а 34 други се ранети денеска во два бомбашки напади во Багдад, соопшти ирачката полиција.

img

Во соопштението на полицијата се наведува дека нападите биле извршени во југоисточниот и југозападниот дел на Багдад.

Засега никој не презеде одговорност за нападите, но полицијата претпоставува дека тие се дело на припадници на џихадистичката група Исламска држава.

Објавено недела, 25 декември 2016 04:55:00



Барај

 

Последни вести