Албанската полиција заплени 1,5 тони марихуана

Полицијата во албанскиот приморски град Валона заплени 1,5 тони марихуана,чија крајна дестинација била Италија.

img

Дрогата била натоварена во камион марка „Ивеко“, но кога нарко шверцерите забележале дека ги следи полицијата, го напуштиле возилото на една од плажите и побегнале.

– „Во близина на камионот полицијата пронашла и друго возило марка „Тојота“ додека во морето и моторен чамец, кој се движел по Валонскиот залив со кого требало да биде транспортирана дрогата во правец на италијанскиот брег“ - стои во полициското соопштение.

Објавено сабота, 24 декември 2016 11:33:00



Барај

 

Последни вести