ВИДЕО: Се урна авион со 92 патника во Црно Море. Се трага по преживеани!

Во авионот кој се урна денеска во Црното Море имало 92 патника, од кои 8 биле членови на екипажот, а меѓу патниците имало и повеќе воени лица, новинари, како и челнови на ансамблот за народни песни и ора „Александров“.

img

Авионот полетал од Сочи кон сириската воена база „Хмејмим“ кај Латакија, каде се стационирани руските сили вклучени во операциите во Сирија.

Спасувачките екипи го лоцирале авионот на околу 1,5 километри од брегот на длабочина од 50 до 70 метри.

Медиумите веќе пристигнуваат на местото каде што во близина се случила авионската несреќа и ги пренесуваат првите снимки, еве дел од нив.

Објавено недела, 25 декември 2016 10:01:00



Барај

 

Последни вести