Викањето и агресијата го влошуваат здравјето на децата

Ако родителите викаат постојано на своите деца, тоа може да доведе до сериозни последици кои можат да се одразат на нивната физичка состојба и да доведат дури до дебелеење. До овој заклучок дојдоа научници од Универзитетот во американската држава Ајова, пренесе „РИА Новости“.

img

„Грубоста во воспитниот процес води до здравствени проблеми“ - вели водачот на истражувањето професор Томас Шефилд. Тој спровел експеримент во кој учествувале 451 дванаесет годишни деца и нивните родители.

Научниците ја набљудувале комуникацијата во семејствата во текот на неколку години, додека децата не стигнат до 20-годишна возраст. На родителите им била дадена оценка за манифестација на суровост - физичка агресија, закани, принудување за извршување на активности од страна на детето, егоистичност или повишување на гласот.

По експериментот децата поминале испитување на физичка состојба.

Шефилд нагласува дека премногу строгото воспитување создава хроничен стрес за децата, а последиците од него можат да се манифестираат дури и кога ќе пораснат. Стресното воспитување може да покаже ефект врз развојот мозокот на детето.

Истражувачите покажуваат дека меѓу негативните последици се јавува хормонална нерамнотежа, воспалителни процеси и проблеми со кардиоваскуларната активност.

„Родителите не треба да бидат сурови. Ако сакаме да сме сигурни дека нашите деца ќе бидат здрави, најдобро е да се избегнуваат бучните кавги“ - изјави Шефилд.

Објавено сабота, 24 декември 2016 12:23:00



Барај

 

Последни вести