Исчезнал пред 30 години и го изгубил помнењето: Одеднаш, нешто му го сменило животот...

Сите сме гледале филмови во кои главниот лик страда од амнезија, но одеднаш се случува нешто што му ги отклучува спомените и тој се сеќава на заборавеното. Ако ова звучи сосема нормално во светот на филмовите, тогаш во реалноста веродостојноста на нешто слично може да се стави под прашање.

img

Денес ќе споделиме токму една таква приказна, која не е дел од заплет на некој филм, туку е самата вистина.

Едгар Латулип е од Канада. Тој имал 21 година кога исчезнал без трага од домот за инвалиди, кој се наоѓа во провинција во Онтарио.

Мажот има пречки во развојот и неговиот ум е како на дете на 12 години. Пред 30 години, Едгар се качил во еден автобус и исчезнал без трага. Што се случило потоа со него, тој не запаметил.

Во трите децении во кои се водел за исчезнат, Едгар живеел во реонот на водопадот Нијагара. Тој им се претставувал на луѓето со различни имиња.

Неочекувано, еден ден како од никаде меморијата му се вратила и тој се сетил кој е всушност!

Колку и чудно да звучи оваа приказна таа е вистинита, а идентитетот на Едгар бил потврден од канадските власти по правење на мноштво ДНК тестови.

Објавено недела, 18 декември 2016 05:43:00



Барај

 

Последни вести