Кога оваа мајка пристигнала во породилното, докторите се изненадиле: Прв пат се сретнале со ваков случај!

Запознајте се со Оксана и Сергеј, вљубена двојка од Одеса, Украина. Оксана има 36 години и ужива во среќен семеен живот со сопругот и 3-годишната ќерка, но за целосна среќа беа подготвени да имаат уште едно засилување.

img

И така нормален семеен настан се претвора во меѓународна вест.

Во почетокот на бременоста, жената дознава дека е бремена не со едно или две деца, туку со пет. Да, Оксана очекувала пет близначиња!

Жената вели дека во нејзиното семејство никогаш немало близнаци и дека е невозможно тоа да ѝ се случи, но судбината имала друго на ум.

 

Таа вели дека кога отишла на првиот ултразвук и кога го видела изненаденото лице на докторот, знаела дека нешто големо претстои.

Лекарите велат дека веројатноста да се забремени со пет близнаци е 1 на 55 милиони бремености. Никој од лекарите во болницата не видел или слушнал за ваков случај, затоа приказната на Оксана се претвора во единствена и брзо стекнала популарност.

Украинката вели дека првично имала чувство дека тоа е само еден сон, но потоа брзо стапнала во реалноста и почнала да ги менува сите планови и идеи за иднината. Во текот на бременоста лекарите биле исклучително внимателни, а децата добиле супер имиња - Дарија, Александра, Денис, Владислав и Дејвид.

Од Владата добиле на подарок поголем стан, за да може да има доволно простор за сите.

Објавено петок, 16 декември 2016 10:25:00



Барај

 

Последни вести