Безбедносни решенија
A1 Cyber Backup - Модерно и сигурно решение за заштита на Вашите податоци
Многу компании сфаќаат колку е значајна безбедноста на податоците дури кога е веќе предоцна. Губењето на податоци критични за бизнисот е честопати поврзано со екстремно високи трошоци и прекинување на деловните процеси на компанијата.
A1 Cyber Backup е интелигентно решение кое нуди:
- креирање резервни копии (backup) на податоците, уреди и апликации;
- брзo враќање (recovery) на податоците во кое било време;
- заштита од ransomware напади, компјутерски вируси и друг малициозен софтвер (malware) базирана на вештачка интелигенција (AI);
- далечински пристап и интуитивни алатки за далечинско управување и безбедност во едно.
A1 Cyber Backup Ви овозможува да управувате со поставките за backup за сите уреди во Вашата компанија од единствен web интерфејс кој е достапен од било каде, во било кое време. Доколку има потреба или доколку се случи инцидент, враќањето на компромитираните податоци е брзо и едноставно со неколку кликови.
A1 Cyber Backup
Активирајте го соодветниот A1 Cyber Backup пакет според Вашите потреби
Backup
50GB
Неограничен број на уреди
Неограничен број на корисници
Backup
100GB
Неограничен број на уреди
Неограничен број на корисници
Backup
500GB
Неограничен број на уреди
Неограничен број на корисници
Backup
1000GB
Неограничен број на уреди
Неограничен број на корисници
Backup
5000GB
Неограничен број на уреди
Неограничен број на корисници
Backup
Flex
и тип на уреди
Флексибилна големина
на просторот за backup
Индивидуално решение според
потребите на корисникот
Backup и restore во секое време
- Backup за сите видови уреди, (PC и лаптопи), сервери и виртуелни машини
- Backup на датотеки(file level backup)
- Backup на ниво на оперативен систем (image backup)
- Backup на сите често користени бизнис апликации
Заштита на податоци
- Проверка на слаби лозинки на секој уред со инсталиран агент
- Скенирање на безбедносни пропусти и нотификации доколку се пронајдени
- Вградена заштита од ransomware базирана на вештачка интелигенција
- Заштита од вируси и malware во реално време
Алатки за управување
- Групно управување со уредите и можност за забрана за користење на USB портови, принтери, Bluetooth, итн.
- Далечински пристап и поддршка
- Информации за хардверски инвентар
- Извештаи, нотификации и препораки на дневна основа
Напредни лиценци
Надградете ја вашата заштита со напредни пакети кои ќе ви обезбедат дополнителни функционалности, напредна заштита од напади, и напредно управување со безбедносните функции.
Advanced Backup
- Microsoft SQL Server & Exchange кластери
- Oracle & SAP S4HANA бази на податоци
- Континуирана заштита на податоците
- Мапирање на заштитата на податоците
Advanced Security
- Антивирус: локална детекција на вируси
- Antimalware и web заштита
- Управување со Microsoft Security Essentials и Windows Defender Antivirus
- URL filtering, forensic backup, exploit prevention
Advanced Management
- Управување со софтверските ажурирања интегрирано со backup-от
- Контрола на состојбата на хард дисковите
- Инвентар на софтверски продукти (на Windows и MacOS оперативни системи)
Вашите податоци се заштитени во секое време
Енкриптирање на податоците и заштита со лозинка
При креирање на backup копиите се користат AES-256 алгоритми за енкрипција и SSL-eнкриптирани канали.
A1 професионални дата центри
Резервните копии (backup) на податоците се чуваат во A1 дата центрите кои се дизајнирани како Tier III и имаат бројни сертификати, вклучувајќи ISO 27001, ISO 20000 и ISO 9001.
Брзо и едноставно враќање на податоците
Враќање (restore) инстантно од кој било уред
Доколку има потреба или инцидент, системот може многу брзо да се врати на било кој хардвер или околина, без неочекувани проблеми со компатибилност.
Верификација на конзистентост на податоците
Начинот на кој се врши backup на податоците обезбедува континуирана проверка на конзистентост на податоците и овозможува комплетна конзистентост и автентичност дури и да настане прекин на напојување за време на однапред закажаните backup операции.
Backup на Microsoft 365
Обезбедете дополнителна безбедност на Вашите податоци и информации зачувани во Вашите Microsoft продукти
Вашите податоци ќе бидат безбедни дури и ако:
- некој ги избрише намерно или случајно
- бидат изгубени поради malware
- податоците се корумпирани или нечитливи
- настанат проблеми со синхронизација