A1Телеком Австрија Групација
А1 Телеком Австрија Групацијата, којашто котира на Виенската берза, е водечки провајдер на дигитални услуги и комуникациски решенија во Централна и Источна Европа, со повеќе од 24 милиони корисници. Групацијата е застапена во седум земји: Австрија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Северна Македонија, Белорусија, Србија (Vip mobile).
На крајот на 2018 г. приходот на Групацијата изнесува околу 4,47 милијарди евра. Портфолиото на А1 Телеком Австрија Групацијата опфаќа широкопојасна инфраструктура на интернет-мрежа, мултимедијални услуги, податочни и ИТ-решенија, големопродажба и решенија за наплата преку мобилен телефон. Услугите, коишто ги нуди компанијата, овозможуваат дигитален начин на живот и работа, како и можност на компаниите и работите да се поврзат насекаде и во секое време. А1 Телеком Австрија Групацијата, со седиште во Виена, е европска единица на América Móvil, еден од најголемите провајдери на безжични услуги во светот и обезбедува пристап до глобални решенија.