Со цел подобрување на нивото на безбедност и сигурност на личните податоци при комуникациските услуги, и согласно Законот за електронските комуникации, А1 Македонија ДООЕЛ Скопје има обврска да ги евидентира податоците на своите постојни и идни припејд корисници.
Поради тоа, секоја припејд SIM картичките е „заклучена", односно пристапот до услугите ќе биде оневозможен сè до доставувањето на сите барани податоци (име и презиме, ЕМБГ и адреса на живеење според лична карта), нивна верификација и успешно запишување во нашата евиденција.
Освен на овој начин, А1 Припејд корисниците ќе може да ги достават своите лични податоци:
- во кое било продажно место на А1 Македонија ДООЕЛ Скопје означено со А1 брендот
- преку одговори на примените SMS пораки од бројот 140150
- со испраќање на SMS порака со содржина REG на 140150
Обработката на овие податоци е согласно Законот за заштита на личните податоци, Законот за електронските комуникации и Општите услови на А1 Македонија ДООЕЛ Скопје.