Заштита од малициозен софтвер и напади
Детектирајте, спречете и одговорете на сајбер заканите
на вашите лаптопи, десктопи, виртуелни машини и сервери
Активирајте сега A1 Endpoint Protect и добијте го пакетот „Core” 3 месеци бесплатно!
Класичните антивирусни програми едноставно веќе не се доволни.
Зошто? Старите антивирусни програми не штитат од:
- Нови типови малициозен софтвер
- Иновативни и напредни методи за напади
- Нови видови вируси што напаѓаат преку инфицирани USB-стикови или Bluetooth
Друг проблем со старите антивирусни програми е тоа што побаруваат да се инсталира „тежок“ софтвер на крајните уреди (компјутери, сервери), што одзема ресурси и ги забавува уредите. Затоа, потребно ви е модерно решение – како A1 Endpoint Protect.
Спречете постојни и нови закани
Препознајте и запрете ransomware, spyware и други типови малициозен софтвер.
Проактивна заштита од вируси во приложени датотеки, на интернет-страници, инфицирани USB- уреди, дури и од комплицирани хакерски упади.
A1 Endpoint Protect е автоматизиран и брз: работи со брзина на машина што не побарува рачно ажурирање од експерти, или пак да мониторираат и да одговараат на закани. Исто така, работи и офлајн.
Напредниот AI engine извршува:
- Статичка анализа (проверка дали програмата се наоѓа во постојната листа на познат малициозен софтвер)...
- ...исто така, прави и анализа на однесувањето на програмата, во реално време. Бара знаци на невообичаено или сомнително однесување на датотеката и на поврзаните процеси со цел да открие и „zero-day“ напади.
Повеќе нивоа на заштита
A1 Endpoint Protect прави длабинска инспекција на широк спектар на безбедносни индикатори. Овој сеопфатен пристап обезбедува да се идентификуваат и да се разрешат можните закани. Со A1 Endpoint Protect можете да бидете сигурни дека вашите крајни уреди се заштитени од напади според највисоките безбедносни стандарди.
Технологија од глобален лидер
A1 Endpoint Protect ја користи платформата за сајбер заштита на SentinelOne. SentinelOne е рангиран од независни извори помеѓу најдобрите глобални производители за endpoint заштита.
SentinelOne е препознаен како еден од најдобрите провајдери во светот од:
- Аналисти во Gartner Magic Quadrant®;
- Корисници во Gartner Peer Reviews;
- TMITRE ATT&CK тест
- Breach Response тест од SE LABS;
- Компанија за безбедност и менаџмент на ризици Tevora
Услуга менаџирана од A1
Нема потреба за посебно знаење од сајбер безбедност или од експерти за да се користи
Не е потребно да имате експерти за сајбер безбедност, или пак да трошите време за да ја користите платформата A1 Endpoint Protect. Користењето на услугата е едноставно.
A1 ќе ја менаџира услугата и ќе ги ослободи вашите IT-ресурси. Нашиот тим професионалци ќе го обезбеди функционирањето на услугата и ќе ви овозможи насоки за справување со сите можни безбедносни проблеми.
Имплементација
Ние ќе ја поставиме A1 Endpoint Protect за вас. Потоа, во соработка со вас, ќе ја приспособиме услугата врз основa на бројот на уреди и потребни безбедносни протоколи и ќе направиме прелиминарна процена на состојбата.
Одржување
Како дел од вашата претплата, ние ќе ја одржуваме услугата и ќе обезбедиме континуирано функционирање. Ќе ја управуваме услугата на вашите крајни уреди, ќе ги приспособуваме безбедносните политики, ќе вршиме анализа на безбедносните извештаи од услугата со која ќе ви обезбедиме регуларни извештаи и ќе препорачаме проактивни мерки.
Враќање на податоците
Ќе ви помогнеме едноставно да ги вратите податоците по настанатите инциденти, со цел да се минимизира загубата на податоци и времето за обновување на системите.
- Може да го вратиме уредот во оригиналната состојба пред нападот;
- Ќе овозможиме поврат на датотеките што биле избришани или енкриптирани во случај на напад.
Алатки за продуктивност и аналитика
Богатство на IT-алатки за сериозни акции
Напреден EDR
Моќни алатки за endpoint detection and response.
Правете форензички анализи за целосно разбирање на безбедносниот инцидент.
Не сте задоволни само со заштита? Сакате да испитате кога, како и зошто бевте нападнати?
Со нашата услуга, истражувањето на сајбер безбедносните настани е лесно. Storyline™ автоматски ги собира податоците за временската рамка и текот на нападот. Вие потоа го добивате целосниот контекст, со сите релевантни детали, презентирани во чист, визуелен преглед.
Дополнителни опции
Проширете ја безбедноста со широк опсег на дополнителни опции и интеграции за XDR, приспособени на потребите на вашата организација.
- Изберете автоматски правила за threat hunting;
- Препознајте неавторизирани (rogue) крајни уреди поврзани во вашата мрежа;
- Поврзете дополнителни системи и извори на податоци и напредувајте кон XDR (extended detection and response);
- Истражете го широкото портфолио на дополнителни функционалности.
Управување од далечина
Безбедно управување и поддршка на вашите крајни уреди од каде било, со напредна функционалност за управување од далечина.
Пакети и цени
Активирајте ја сега услугата A1 Endpoint Protect и добијте го пакетот „Core" 3 месеци бесплатно.
Core
Самостојни
уреди
Заменете го вашиот традиционален антивирус со endpoint protection платформа од следната генерација. Блокирајте познати и „zero-day“ напади.
- Анализа на уредот заснована на вештачка интелигенција
- Автоматска изолација на инфицирани крајни уреди од мрежата со цел да се спречи ширењето на малициозниот софтвер
- Враќање на податоците: поврат на датотеки енкриптирани или избришани од вируси
Control
Централизирана
видливост
Заштита и управување на уредите од далечина преку една централна конзола.
Вклучени се сите функционалности на пакетот Core, плус:
- Контрола на Firewall и уреди (USB-портови, Bluetooth)
- Видливост на неавторизирани (rogue) уреди (неделно скенирање)
- Управување со ранливости на софтверските верзии
- Мониторирање на закани во реално време
Complete
Форензика и напредни функционалности
Повеќе од заштита: детална анализа на инциденти и приспособување на закани што постојано се менуваат.
Вклучени се сите функционалности на пакетот Control, плус:
- Storyline™: целосен контекст и разбирање на инцидентот во реално време
- Автоматски правила за ловење закани (threat hunting)
Понудата со бесплатни први 3 месеци важи за бизнис корисници кои ќе направат активација на услугата на 12 месеци. А1 го задржува правото да ја прекине оваа понуда во секое време.