A1 Net Protect

Бидете заштитени додека користите
интернет во Вашиот дом

Активирајте А1 Net Protect и бидете безбедни
при користење на мобилен и фиксен интернет

Денес не можеме да замислиме ниту еден ден без да користиме интернет. Притоа, мора да бидеме свесни дека со секојдневното корстење интернет во домот, постојано сме изложени на многубројни ризици од небезбедни веб страници. Затоа е неопходно да бидеме безбедни додека пребаруваме на интернет, односно да имаме заштита на мрежно ниво без разлика на уредот кој го користиме.

Со услугата А1 Net Protect, вградена во мобилната и фиксната мрежа на А1, ние ќе Ве заштитиме од пристап до небезбедни веб-страници со сомнителна содржина, кои шират вируси или веб-страници наменети за кражба на лични податоци. Независно дали користите мобилен телефон, лаптоп или компјутер, со услугата А1 Net Protect ќе добиете предупредување односно известување доколку пристапите до небезбедни веб-страници.

Затоа не ризикувајте со штети и непроценливи последици!
Заштите ја Вашата интернет конекција за само 29 денaри/месечно преку мобилната мрежа на А1, односно за 59 ден./месечно преку фиксната мрежа за А1.

29 ден./месечно
за мобилен интернет
A1 Net Protect A1 Net Protect
59 ден./месечно
за фиксен интернет

ПРОБАЈТЕ БЕСПЛАТНО!

Активирајте ја услугата А1 Net Protect 1 месец БЕСПЛАТНО и сурфајте безбедно преку мобилната и фиксната мрежа на А1

Услугата е достапна за сите припејд и постпејд корисници на А1.
По истек на пробниот период, услугата ќе се наплатува по наведените месечни претплати.

A1 Net Protect Ви овозможува:

A1 Net Protect

Едноставна активација

Не е потребна инсталација на софтвер или дополнителни апликации.

A1 Net Protect

Без потреба за ажурирање од страна на корисникот

Услугата автоматски се ажурира во позадина, без потреба од мануелни ажурирања од страна на корисникот.

A1 Net Protect

Заштитата на мрежно ниво

Услугата овозможува заштита на ниво на мрежа, без разлика кој уред го користите.

A1 Net Protect

Предупредување за небезбедни веб-страници

Ќе бидете предупредени штом ќе пристапите до небезбедна веб-страница или апликација.

A1 Net Protect Ви нуди безбедност на мрежно ниво, што го отежнува пристапот на напаѓачите до Вашите податоци. Тоа значи дека додека сте поврзани на мобилната или фиксната мрежа на А1 (дома и во странство), услугата автоматски ги детектира и ги блокира небезбедните веб-страници и апликации, при што Ви испраќа известување за детектирана интернет-закана.

Начин на активација/деактивација:

A1 Net Protect

A1 Net Protect за мобилен интернет

  • За активација преку SMS Испратете SMS со текст START PROTECT НА 140 007
  • За деактивација преку SMS Испратете SMS со текст STOP PROTECT НА 140 007
  • Во апликацијата Мојот А1 пристапете во делот: Пакети » Достапни Национални услуги » A1 Net Protect
  • Со јавување во Контакт центар на 077 1234
  • Во најблискиот А1 продажен салон
A1 Net Protect

A1 Net Protect за фиксен интернет

  • Во апликацијата Мојот А1 пристапете во делот: Пакети » Достапни Национални услуги » A1 Net Protect
  • Со јавување во Контакт центар на 077 1234
  • Во најблискиот А1 продажен салон

Активирајте A1 Net Protect и бидете безбедни при користење на мобилен и фиксен интернет

Преку порталот за A1 Net Protect, во секое време можете да прегледате од какви закани сте биле заштитени додека користите интернет преку мрежата на А1.

Со најава на порталот, можете сами да ја подесите заштитата од следните категории:

A1 Net Protect

Безбедност

овозможува заштита од веб-страници/aпликации со интернет-закани и вируси

Содржина за возрасни

спречува посета на веб-страници/апликации што содржат порнографска содржина

Криминал

заштита од веб-страници/апликации што имаат линкови до дрога, расизам, насилство и тероризам

Рекламирање

оваа категорија вклучува веб-страници што содржат реклами, веб и е-мејл системи што ги следат активностите на корисниците.

Најава, преглед и подесувања

На порталот можете да се најавите на еден од следниве начини:

  • Автоматска најава

    кога ќе пристапите до линкот за најава, потребно е да имате вклучен мобилен интернет, преку кој ќе бидете автоматски препознаени и ќе Ви биде дозволен пристап


  • Најава со телефонски број

    внесете го Вашиот број и кодот што ќе го добиете преку SMS-порака


  • Најава со корисничко име и лозинка на Мојот А1

Најчесто поставувани прашања

Услугата A1 Net Protect е интегрирана во мобилната и фиксната мрежа на А1 Македонија. Услугата автоматски препознава небезбедни веб-сајтови и апликации што ги блокира пред да пристапите до нив, а со тоа Ве заштитува од небезбедни софтвери.

Доколку сте корисник на мобилна телефонија, услугата А1 Net Protect можете да ја активирате со испраќање SMS-порака со текст „START PROTECT“ на 140007 или преку апликацијата Мојот А1 во делот Пакети > Достапни национални услуги > A1 Net Protect.Друг начин на активација е со јавување во Контакт центар на 077 1234 или пак во во најблискиот А1 продажен салон

А1 Net Protect работи преку сите уреди, со оглед на тоа што функционира преку мобилната и фиксната мрежа на А1 Македонија.

Опасностите додека користите интернет постојат и ако го користите преку мобилен телефон или таблет. Кога користите интернет, можете да бидете изложени на опасности што работат во заднина и не можете да ги воочите веднаш.

Не, за активација и користење на услугата А1 Net Protect, не е потребна посебна апликација.

Да, услугата А1 Net Protect Ве штити секогаш кога користите интернет преку мобилната или фиксната мрежа на А1 Македонија.

Да, доколку уред кај кој е активен A1 Net Protect има вклучен Hotspot, и другите уреди што се користат преку тој Hotspot ќе бидат заштитени додека користат мобилен интернет.

A1 Net Protect детектира закана веднаш штом дојде до контакт, при што го блокира пристапот до веб-страницата или до апликацијата.

Месечната цена за услугата по завршување на промотивниот период е 29 денaри/месечно преку мобилната мрежа на А1, односно за 59 ден./месечно преку фиксната мрежа за А1. Во месецот по искористување на промотивниот период, наплатата е пропорционална на деновите во кои сервисот се наплаќал. Деактивацијата се евидентира веднаш во моментот кога е побарана.

Препорачуваме да ги послушате препораките и известувањата од А1 Net Protect, но доколку сепак ја посетите, тогаш сте изложени на опасност и треба да бидете свесни за ризиците што ги преземате.

А1 Net Protect содржи база на небезбедни веб-страници и апликации, кои се претходно идентификувани на глобално ниво. Услугата автоматски детектира доколку веб-страницата што ја пребарувате е небезбедна, односно има вируси, малвер или претставува веб-страница за крадење лични податоци (phishing site). Оваа база константно се надополнува.

Услугата A1 Net Protect функционира и во роаминг секогаш кога користите мобилен интернет (во роаминг), независно на кој оператор сте поврзани.

Услугата A1 Net Protect нуди повеќе опции од само заштита додека користите мобилен интернет. Дополнително може да активирате и поставки за:

  • Веб-страници/апликации со содржина за забава. Во овој дел може да се овозможи пристап до ваков тип веб-страници/апликации во одреден период од денот;
  • Веб-страници/апликации со насилни содржини;
  • Веб-страници/апликации со содржина за возрасни;
  • Веб-страници/апликации за рекламирање.

Сите поставки може да се направат преку порталот на A1 Net Protect: www.a1.mk/netprotect и на него може да се пристапи преку „Автоматска најава” (кога ќе пристапите до линкот, потребно е да имате вклучен мобилен интернет преку кој ќе бидете автоматски препознаени и ќе Ви биде дозволен пристап) или преку другите стандардни начини на најава со SMS PIN или со корисничко име и лозинка на Мојот A1. Препорачливо за корисниците е да се пристапува преку „Автоматска најава”.

Услугата А1 Net Protect можете да ја деактивирате со испраќање SMS-порака со текст „STOP PROTECT” на 140007 или преку апликацијата Мојот А1 во делот Пакети > Достапни национални услуги > A1 Net Protect.Друг начин на деактивација е со јавување во Контакт центар на 077 1234 или пак во во најблискиот А1 продажен салон.

Листата на небезбедни страници и апликации константно се надополнува со секоја детектирана закана.

Нема ограничување кои и колку веб-страници можат да се постават на црна листа или на бела листа преку порталот на A1 Net Protect.

Нема ограничување на колку време се прави промена на бела листа и на црна листа преку порталот на A1 Net Protect.

Промената на одредена веб-страница (од бела листа на црна листа и обратно) која треба да се направи рачно од корисникот преку порталот на A1 Net Protect се аплицира по 15 минути.

Мрежата на А1 Македонија е сигурна, но при користењето интернет, можно е да пристапите до веб-страници или до апликации што не се сигурни. Поради тоа што никогаш не можете да бидете сигурни дали линкот, веб-страницата или апликацијата се безбедни – услугата A1 Net Protect ќе Ве заштити од ваков тип интернет закани.