За донациите 

Се грижиме и сакаме да им помагаме на оние, на коишто тоа им е најпотребно, заедно со нашите вработени, како компанија започнавме многубројни хуманитарни настани, некои од нив и непознати за пошироката јавност. Овие активности, ни овозможуваат да им донесеме радост на најранливите и среќа на најмалите. Ние се грижиме за младите, за нашата животна средина и за благосостојбата на сите.
 

Информации за отворање на број за донации, во А1 Македонија

За сите оние, на коишто им треба помош и поддршка од хумани луѓе, А1 Македонија нуди можност за отворање на броеви за донации, преку коишто корисниците на услугите на А1, ќе можат да ја покажат својата хумана страна, со едноставна донација преку нивните мобилни телефони. На овој начин, А1 Македонија ја поттикнува хуманоста кај луѓето, првенствено, со цел да им помогне на лицата, на коишто им е потребен оперативен зафат или лекување. Донацијата се врши преку телефонски повик, од страна на корисниците на А1, при што со секој повик се донираат 100 денари.
За отворање на број за донации за физички лица, потребни се следните документи:

Адреса за достава

Горенаведените документи може да се достават електронски преку веб страницата на А1 Македонија, по пошта или лично на следната адреса: “Плоштад Пресвета Богородица” бр. 1, 1000 Скопје, со назнака „Молба за отворање број за донации – за корпоративна комуникација".

Доколку комплетираните документи се праќаат на маил, потребно е да бидат во PDF формат.

Важни забелешки за барателите:

  • По доставувањето на комплетната потребна документација, овластено лице од А1 Македонија ќе Ве извести дали Вашата молба е прифатена.
  • врз основа на прифатената молба, А1 Македонија ќе назначи и технички ќе одржува посебна линија за донации. На бројот за донации, преку повик што ќе чини 100 денари, можат да донираат само корисниците на А1, а корисниците на другите мобилни оператори и фиксни мрежи, нема да можат да се јават или да донираат на овие броеви.
  • исплаќањето на собраните средства од корисниците на А1 се врши врз основа на потпишан Договор за донација.
  • целосната сума, собрана од корисниците на А1, му се исплаќа на барателот на донацијата од страна на А1 Македонија. Персоналниот данок се одбива од оваа сума.
  • личните податоци на барателот се користат исклучиво за оваа цел. Заштитата на личните податоци е гарантирана, во согласност со законските прописи.
  • А1 Македонија ќе го објави доделениот број за донации на веб-страницата на А1 Македонија. Барателот е лично и финансиски одговорен за сите други канали на јавна комуникација.

За отворање на број за донации за правни лица, потребни се следните документи:

  • пополнето писмено барање
  • VSD документ за правни лица
  • опис на проектот, за којшто е наменет одделниот број за донации
  • опис на правното лице, кратка биографија, остварени проекти и работни планови
  • потврда од Централниот регистар, не постара од шест месеци
  • друга документација, со којашто се потврдува релевантноста на проектот

Важни забелешки за барателите:

  • општествено - одговорните организации (оние, чии активности вклучуваат иницијативи за помош на ранливите социјални групи), имаат приоритет при отворањето број за донации.
  • техничките можности на броевите за донации се ограничени, а максималното времетраење на броевите за донации за правни лица е една година. По доставувањето на комплетната потребна документација, овластено лице од А1 Македонија ќе Ве извести, дали Вашата молба е прифатена.
  • врз основа на прифатената молба, А1 Македонија ќе назначи и технички ќе одржува посебна линија за донации. На бројот за донации, преку повик што ќе чини 100 денари, можат да донираат само корисниците на А1, а корисниците на другите мобилни оператори и фиксни мрежи, нема да можат да се јават или да донираат на овие броеви.
  • исплаќањето на собраните средства од корисниците на А1 се врши врз основа на потпишан Договор за донација.
  • целосната сума, собрана од корисниците на А1, му се исплаќа на барателот на донацијата од страна на А1 Македонија. личните податоци на барателот се користат исклучиво за оваа цел. Заштитата на личните податоци е гарантирана, во согласност со законските прописи.
  • А1 Македонија ќе го објави доделениот број за донации на веб-страницата на А1 Македонија. Барателот е лично и финансиски одговорен за сите други канали на јавна комуникација.
  • Напомена: Барателите самостојно одлучуваат дали ќе се лекуваат во државна здравствена установа или во приватна здравствена установа.

Активни броеви за донација

За лекување на Број за донација Активен до
Културен центар “Спона“ 143 123 16.11.2024
Ротари Клуб “Куманово“ 143 133 06.05.2024
Здружение “Љубезност“ 143 505 02.04.2024
Здружение “Конект“ 143 333 13.10.2024
СОС Детско село 143 456 31.12.2024
ЦРВЕН КРСТ 143 400 31.12.2024
Илин Пејковски 143 484 12.10.2024
Елена Цветкова 143 486 12.10.2024
Јаков Белчовски 143 600 08.10.2024
Лидија Стефановска 143 468 22.08.2024
Сара Стојчева 143 472 23.08.2024
Марин Рајчиќ 143 475 17.08.2024
Бошко Јанкулов 143 450 13.08.2024
Мерџан Шабанов 143 424 26.07.2024
Томислав Ивановски 143 466 14.09.2024
Сања Живановиќ 143 483 26.07.2024
Симона Темелкова-Кабранова 143 489 29.07.2024
Сашо Константин Лазаровски 143 401 16.07.2024
Аника Јовевска 143 444 07.08.2024
Алексеј Анастасовски 143 476 26.07.2024
Јована Станковска 143 481 08.10.2024
Јани Иванов 143 470 09.08.2024
Никола Петрески 143 467 30.07.2024
Дијана Трипуновска 143 403 03.09.2024
Елена Маџова 143 504 16.08.2024
Леонид Индов 143 500 21.08.2024
Стефан Ивановиќ 143 485 16.08.2024
Љутвије Демирова 143 488 17.09.2024
Перихана Асаноска 143 471 20.09.2024
Фондација Марко Божиновски 143 800 30.11.2024
Дамјан Поповски 143 888 04.09.2024
Сибел Омерова 143 900 30.08.2024
Благица Милева 143 950 27.09.2024
Ангела Нацева 143 999 25.09.2024
Илин Пејковски 143 484 12.10.2024
Елена Цветкова 143 486 12.10.2024