Гејмај на супериорен оптички
интернет
со A1 Combo

PlayStation 5
Blu-Ray Edition

849
ден./месечно

Екслузивна A1 Combo понуда

Доживејте поинакво гејминг искуство со А1 Combo! Гејмајте на супериорен оптички интернет со брзина до 200/200 Mbps, додадете 2 мобилни линии со вклучен неограничен 5G интернет и одберете Play Station 5 за само 849ден./месечно.

Нарачај

Понудата важи со склучување нов или обнова на договор на 24 месеци со тарифните модели A1 Net L со вклучени две мобилни линии A1 Ultra M и PlayStation 5. Понудата е достапна преку оптичка мрежа на локации каде има техничка можност. Оптичкиот интернет е супериорен во однос на другите достапни технологии. А1 го задржува правото да ја прекине оваа понуда во секое време.

#ГејмајОдговорно со советите на Al!

Често, гејмерите вложуваат прекумерно време и енергија во виртуелниот свет, грижејќи се за својот анимиран карактер повеќе отколку за сопственото здравје. Со нашата иницијатива #ГејмајОдговорно, сакаме да ја зголемиме свеста за можните последици од прекумерно гејмање и да ги советуваме гејмерите како да создадат здрави навики.

За почеток, прочитај ги овие едноставни совети за одговорно гејмање:

  • Грижи се за твојот health bar повеќе отколку оној на твојот карактер
  • Не играј повеќе од два часа дневно
  • Прво заврши ги обврските па потоа гејмај
  • Истегни се додека чекаш да се наполни loading барот
  • Пиј доволно течности
  • Не користи навредливи зборови дури и кога губиш
  • Не врши сајбербулинг и не поддржувај сајбер насилници
  • Направи пауза од гејмање и излези со другарите
  • Не гејмајте 2 часа пред заспивање

Стави контрола на твојот screentime

Почни со мали чекори!

Намали го времето поминато на гејмање за 10% во првата недела. На пример, ако сега поминуваш 16 часа неделно пред екран, за почеток обиди се да намалиш на 14 часа. Веќе втората недела, намали на 12 часа играње. На овој начин, ќе станеш посвесен за времето поминато во гејмање и тоа ќе ти помогне за долгорочно менување на твоите навики.

"Новото" слободно време поминувај го со другарите.

Не е кул да си "були"

Не дозволувај да станеш жртва на сајбербулинг, ниту пак да станеш "були", мислејќи дека е тоа вообичаено или нормално однесување во виртуелниот свет:

  • Кога ќе препознаеш сајбербулинг, пријави го веднаш
  • Зборувај отворено за сајбербулингот со твоите блиски
  • Не користи навредливи зборови дури и кога губиш
  • Не врши сајбербулинг и не поддржувај сајбер насилници
  • Не гејмај со сајбер-насилници

СОВЕТИ ОД ГЕЈМЕРИ

"Запиши се на некој спорт. Вежбај редовно, не пропуштај тренинзи поради гејминг, ќе се чувствуваш многу подобро и поздраво."

препорачува Матеј

"Кога играат, гејмерите го искажуваат стресот преку навреди и лошо однесување. Мој совет е доколку налеташ на таков лик да го игнорираш, да го блокираш и да го заборавиш."

препорачува Јана

Преземи контрола на игрите и #ГејмајОдговорно!

Al Game Festнајголемиот е-спорт настан во Македонија!

А1 во соработка со GG.MK успешно го одржа шестото издание од највозбудливиот гејминг настан, A1 Game Fest за 2023 година, со рекордни 450 натпреварувачи.

Повеќе од 45.000 посетители во „Дајмонд мол“ придонесоа за одлична атмосфера и супер расположение, а над 40.000 го проследија онлајн преносот. Целокупното гејмерско искуство го направи настанот уникатен и незаборавен.

Преку супериорната оптичка мрежа на А1, учесниците се натпреваруваа на турнири во CoD: Warzone 2.0, League of Legends, Street Fighter 6, EA Sports FC24, и секогаш најкреативниот Cosplay натпревар. Навивачите и посетителите имаа можност да се запознаат и со сите новитети во гејминг индустријата на големото експо на Македонски видеоигри, организирано заедно со Асоцијацијата на македонската индустрија за видеоигри (Macedonian Games Industry). За фановите на аналогните игри, пак, овозможивме натпревари во board games со Гоблин друштвени игри, Warhammer, како и ретро гејминг корнер. Дополнително, под мотото #Гејмај одговорно, А1 Македонија ја збогати програмата на A1 Game Fest 2023 со предавања од врвни експерти, кои споделија препораки за одговорно гејмање, на темите „Предизвиците на гејминг светот и како да ги заштитиме децата“ и „Психофизичкото здравје на е-атлетите и важноста на балансот помеѓу спорт и е-спорт“

Се дружевме, доделивме супер награди, овозможивме интерактивни предизвици, поминавме богата програма на турнири и ексклузивно гејминг дружење со најдобрите македонски стримери и јутјубери, гикови, фанови, кастери.

Погледнете го целосното гејмерско доживување на А1 Game Fest.

 

Al Game Fest фото галерија