Мојот A1 Бизнис

Целосна контрола врз Вашиот кориснички профил во кое било време, каде било. Доколку сте наш бизнис корисник и имате повеќе од 99 линии на Вашиот кориснички профил тогаш апликацијата Мојот A1 Бизнис е правилниот избор.

Со апликацијата добивате:

  • Проверка на остварениот сообраќај и искористеноста на пакетите
  • ПДФ верзија од Вашата сметка
  • Сумиран преглед на последните 12 сметки
  • Детална сметка за последните 6 месеци
  • Целосни (Master) привилегии на Вашиот профил
  • Можност за основни (Basic) привилегии за Вашите вработени

 

За да добиете целосни (Master) привилегии, потребно е потписникот на договорот да го пополни следното барање: Барање за бизнис мастер привилегии

Пополнето барање потпишано со виден потпис и печат од одговорното лице на компанијата, треба да се испрати на е-мејл: kontakt@A1.mk.

*Доколку на Вашиот претплатнички договор имате помалку од 99 линии можете да ја користите мобилната апликација Мојот A1 како и веб платформата.

 


 

 

Мојот A1 - M2M

Мојот A1 - М2М е апликација што Ви овозможува во секој момент да ја проверите валидноста на SIM-картичките за фискални каси и воедно да ја продолжите.

За да ја проверите и да ја продолжите валидноста на SIM-картичката:

  • внесете го бројот на SIM-картичката и кликнете на копчето „Провери"
  • доколку сакате и да ја продолжите  нејзината валидност, кликнете на „Продолжи"
  • ќе добиете повратен одговор со новиот датум на валидност

 

Секоја SIM-картичка на тарифата „A1 M2M – фискална" се продолжува за една година.

 

За да добиете привилегии за користење на апликацијата Мојот A1 – M2M, Ве молиме јавете се на Вашиот агент или во Контакт центар на 077 1234.