Роаминг во земјите од Западен Балкан
Со воведената регулатива за роаминг во земјите од Западен Балкан, од 1.7.2021 година, корисниците на мобилни услуги на А1 ќе можат да користат роаминг под посебни повластени услови, во согласност со спогодбата потпишана помеѓу земјите од Западен Балкан - WB6. Притоа, А1 Македонија на своите корисници целосно им ги овозможува договорените услови за користење роаминг во земјите од Западен Балкан – Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Оваа роаминг понуда важи за повици, SMS-пораки и интернет, само кога корисникот престојува во некоја од земјите од Западен Балкан. Доколку пак, корисникот се наоѓа во Македонија и прави повик или праќа SMS-порака кон број од земјите од Западен Балкан, за истите важат цените за меѓународни повици/SMS.
Постпејд корисници
- Вклучените национални минути и SMS-пораки (во рамките на својата мрежа и кон другите национални мрежи), кои се вклучени во тарифата или во дополнителните пакети, постпејд корисниците можат да ги користат во роаминг во земјите од Западен Балкан, исто како да се наоѓаат на територијата на Македонија.
- Количината на мобилен интернет што им е на располагање на корисниците во земјите од Западен Балкан, зависи од месечната претплата на тарифниот модел и пакетот што го користат.
- Интернет во роаминг во земјите од Западен Балкан - вклучен во тарифите
- Интернет во роаминг во земјите од Западен Балкан - вклучен во пакетите
Преку мобилната апликација Мојот А1, постпејд корисниците можат да проверат колку мобилен интернет имаат на располагање во роаминг во земјите од Западен Балкан.
Припејд корисници
Цени за разговори, SMS-пораки и мобилен интернет во роаминг во земјите од Западен Балкан:
Припејд | |
---|---|
Појдовен повик (ден./мин.) | 5.9 ден. |
Мобилен интернет (ден./MB) | 5.9 ден. |
SMS-пораки (ден./SMS) | 3.9 ден. |
Воспоставување повик не се наплатува.
Дојдовен повик не се наплатува.
Проверете го статусот на вклучениот роаминг
интернет во Западен Балкан
Често поставувани прашања
Новата регулатива важи за сите мобилни услуги, за сите А1 Постпејд и А1 Припејд корисници, вклучувајќи и MBB тарифни модели (A1 Mobile Net, A1 Internet итн.). Регулацијата не важи за припејд пакетите.
Тарифирањето за постпејд мобилни корисници во роаминг во земјите од Западен Балкан зависи од тарифниот модел на корисникот или од друг активиран дополнителен пакет. Погледнете ги деталите низ неколку примери:
Појдовни повици и SMS-пораки
Пример 1: Корисник што користи тарифа со неограничени разговори и SMS-пораки кон сите национални мрежи (на пр. A1 Neo M+), се наоѓа во роаминг во некоја од земјите од Западен Балкан и прави повик/праќа SMS кон Македонија (кон која било мрежа), во овој случај повикот/SMS-пораката не се наплаќа.
Пример 2: Корисник што користи тарифа со неограничени разговори и SMS-пораки кон сите национални мрежи (на пр. A1 Neo M+), се наоѓа во роаминг во некоја од земјите од Западен Балкан и прави повик/праќа SMS кон која било земја од Западен Балкан (кон која било мрежа), во овој случај повикот/SMS-пораката не се наплаќа.
Пример 3: Корисник што користи тарифа со неограничени разговори и SMS-пораки кон сите национални мрежи (на пр. A1 Neo M+), се наоѓа во роаминг во некоја од земјите од Западен Балкан и прави повик/праќа SMS кон друга држава надвор од земјите од Западен Балкан (на пр. Италија), во овој случај повикот/SMS-пораката се наплаќа како меѓународен повик/SMS-порака (освен доколку корисникот има активен пакет со повици/SMS кон странство).
Пример 4: Корисник што користи тарифа со неограничени разговори и SMS-пораки единствено кон мрежата на А1 Македонија, се наоѓа во роаминг во некоја од земјите од Западен Балкан и прави повик/праќа SMS кон мрежата на А1 Македонија, во овој случај повикот/SMS-пораката не се наплаќа.
Пример 5: Корисник што користи тарифа со неограничени разговори и SMS-пораки единствено кон мрежата на А1 Македонија, се наоѓа во роаминг во некоја од земјите од Западен Балкан и прави повик/праќа SMS кон мрежата на Македонски телеком, во овој случај повикот/SMS-пораката се наплаќа како национален повик/SMS-порака.
Пример 6: Корисник што користи тарифа со неограничени разговори и SMS-пораки единствено кон мрежата на А1 Македонија, се наоѓа во роаминг во некоја од земјите од Западен Балкан и прави повик/праќа SMS кон која било од земјите од Западен Балкан (кон која било мрежа), во овој случај повикот/SMS-пораката се наплаќа како национален повик/SMS-порака.
Пример 7: Корисник што користи тарифа со неограничени разговори и SMS-пораки единствено кон мрежата на А1 Македонија, се наоѓа во роаминг во некоја од земјите од Западен Балкан и прави повик/праќа SMS кон друга држава надвор од земјите од Западен Балкан (на пр. Италија), во овој случај повикот/SMS-пораката се наплаќа како меѓународен повик/SMS-порака (освен доколку корисникот има активен пакет со повици/SMS кон странство).
Пример 8: Корисник што користи тарифа со ограничени разговори и SMS-пораки кон сите национални мрежи, се наоѓа во роаминг во некоја од земјите од Западен Балкан и притоа ги има искористено вклучените минути и SMS-пораки, во овој случај секоја наредна минута/SMS-порака се наплаќа како национален повик/SMS-порака.
Пример 9: Корисник на А1 Македонија е во Македонија и прави повик/праќа SMS кон земја од Западен Балкан, во овој случај се наплаќа како меѓународен повик (во согласност со ценовникот за меѓународен повик од Македонија кон Србија, Косово, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина).
*Доколку корисникот има вклучени меѓународни минути во тарифата, или, пак, користи дополнителен пакет за меѓународни повици, тогаш овие повици/SMS-пораки се дел од тарифата/дополнителниот пакет.
Дојдовни повици и SMS-пораки
Сите дојдовни повици и SMS-пораки кога корисникот се наоѓа во роаминг во некоја од земјите од Западен Балкан не се наплаќаат (исто како корисникот да го добива повикот додека е на територијата на Македонија).
Припејд пакетите со вклучени минути за разговори, SMS-пораки и мобилен интернет, не важат во роаминг во земјите од Западен Балкан, ова се однесува за сите дневни, неделни и месечни припејд пакети.
Припејд услугите се наплатуваат по следните цени:
Припејд | |
---|---|
Појдовен повик (ден./мин.) | 5,9 ден. |
Мобилен интернет (ден./MB) | 5,9 ден. |
SMS-пораки (ден./SMS) | 3,9 ден. |
MMS-пораки (ден./SMS) | 13 ден. + податочниот сообраќај што се пренесува |
Воспоставување повик не се наплатува. Дојдовен повик не се наплатува.
Интервал на тарифирање на разговoри: 30/1 секунда, 30 секунди почетен интервал и 1 секунда потоа. Интервал на тарифирање мобилен интернет: 1KB.
Дојдовни повици и SMS-пораки
Сите дојдовни повици и SMS-пораки кога корисникот се наоѓа во некоја од земјите од Западен Балкан не се наплаќаат (исто како корисникот да го добива повикот додека е на територијата на Македонија).
Специјалната роаминг опција од 1.7.2021 не e повеќе достапна во земјите од Западен Балкан. Корисниците што ја имаат активирано или ќе ја активираат оваа опција, повеќе нема да можат да ја користат и за нив ќе важи регулативата за роаминг во земјите од Западен Балкан. Корисниците што ја имаат активирано оваа услуга, не треба да ја деактивираат кога ќе влезат во земјите од Западен Балкан. Дојдовните повици во земјите од Западен Балкан секако не се наплаќаат.
Повиците со USSD-код од 1.7.2021 нема да бидат достапни во земјите од Западен Балкан. Корисниците нема да можат да направат повик со USSD-код од овие земји и за нив ќе важи регулативата за роаминг во земјите од Западен Балкан.
Тарифирањето по надминување на вклучените единици во тарифата е според следните цени:
Постпејд | |
---|---|
Појдовен повик (ден./мин.) | 7,9 ден. |
Мобилен интернет (ден./MB) | 1 ден. |
SMS-пораки (ден./SMS) | 3,9 ден. |
MMS-пораки (ден./SMS) | 13 ден. + податочниот сообраќај што се пренесува |
Интервал на тарифирање разговори: 30/1 секунда, 30 секунди почетен интервал и 1 секунда потоа. Интервал на тарифирање мобилен интернет: 1KB.
Дојдовен повик не се наплатува.
По искористување на мобилниот интернет кај сите постпејд тарифи, пристапот до услугата интернет во роаминг ќе биде прекинат, освен доколку корисникот има преостанат интернет од друг активиран дополнителен интернет-пакет.
За да продолжите да користите мобилен интернет во земјите од Западен Балкан, ќе треба да активирате нов роаминг интернет-пакет A1 Roam Surf Balkan .
Можете да активирате од пакетите A1 Roam Surf Balkan што вклучуваат интернет во роаминг во земјите од Западен Балкан. Пакетите се достапни за сите А1 Постпејд и А1 Припејд корисници и важат на сите оператори во земјите од Западен Балкан.
Пакетите можете да ги активирате преку апликацијата Мојот А1 или со SMS-порака.
- За да активирате пакет A1 Roam Surf Balkan S со 2GB za 299 ден. испратете SMS со текст START BALKAN S на бројот 140999.
- За да активирате пакет A1 Roam Surf Balkan L со 5GB za 499 ден. испратете SMS со текст START BALKAN L на бројот 140999.
Доколку корисник има забрана за национален мобилен интернет/повици, таа важи и во роаминг, независно дали станува збор за земјите од Западен Балкан или за кој било друг дел од светот. За да може да користи интернет во роаминг во земјите од Западен Балкан, корисникот треба да ја деактивира забраната преку SMS-порака или преку апликацијата Мојот А1.
Во тарифите во кои е вклучена опцијата A1 Net Sef (А1 Neo, А1 Neon и А1 Business), преостанатиот мобилен интернет во роаминг во земјите од Западен Балкан не се зачувува во A1 Net Sef. Во A1 Net Sef се зачувува единствено неискористениот мобилен интернет во рамките на мрежата на А1 Македонија. Дополнително, во согласност со правилата за користење на услугата А1 Net Sef, веќе зачуваниот мобилен интернет во A1 Net Sef не може да се користи во земјите од Западен Балкан, туку единствено во рамките на мрежата на А1 Македонија.
Ноќната опција од A1 Neon и А1 Neon+ не е достапна во роаминг во земјите од Западен Балкан. Таа може да се користи исклучиво во рамките на мрежата на А1 Македонија. Корисниците на тарифите A1 Neon и А1 Neon+ ќе добијат количина на мобилен интернет во роаминг во земјите од Западен Балкан во согласност со месечната претплата на тарифите и пакетите што ги користат.
Неограничениот национален мобилен интернет за користење на социјални мрежи во рамките на пакетите А1 Go Social, А1 Go Chat и А1 Go Music не е достапен во земјите од Западен Балкан и може да се користи само во рамките на мрежата на А1 Македонија.
Количината на мобилен интернет што корисникот ќе го добие во роаминг во земјите од Западен Балкан е во зависност од месечната претплата на овие пакети, како што се прикажани во листата.
За овие услуги важи политиката на геолокација, независно дали корисникот ги користи овие услуги со претплата преку А1 Македонија:
- HBO GO: не може да се користи во роаминг во земјите од Западен Балкан, со претплата преку А1 Македонија
- A1 Xplore TV: не може да се користи во роаминг во земјите од Западен Балкан, со претплата преку А1 Македонија
- A1 Xplore Music by Deezer: може да се користи во роаминг во земјите од Западен Балкан, со претплата преку А1 Македонија
Во роаминг не се достапни повиците кон посебни услуги, наградни игри, донации и VAS услуги, освен доколку за конкретна услуга не постои исклучок што е наведен во условите за користење на таа услуга.
Со цел да се отстранат можностите за злоупотреба, користењето роаминг-услуги со вакви поволности е регулирано со политика за фер користење, која е во согласност со условите предвидени од Агенцијата за електронски комуникации, а е пропишана во Општите услови за користење на услугите на А1 Македонија. Погледнете ја политиката за фер користење на следниот линк.
А1 Македонија има склучено договор со следните оператори во земјите од Западен Балкан:
- Србија - A1 Srbija, MTS, Telenor Serbia
- Албанија - Vodafone, One Telecommunications, ALBtelecom Mobile
- Косово - IPKO, Vala
- Црна Гора - One Crna Gora, M-Tel, Telekom Montenegro
- Босна и Херцеговина - BHTelekom, HT ERONET, M-Tel B&H