Телекомуникациски
и ICT услуги

за адвокати, за нотари
и за сметководствени бироа

Во нашата палета производи и услуги нудиме решенија за секоја индустрија на пазарот за поедноставување на секојдневното работење. Во овој дел, Ви нудиме решенија во доменот на адвокати, нотари и сметководствени бироа.

Целта на секоја компанија е обезбедување врвни услуги за своите клиенти, а за тоа ѝ е потребна безбедна и стабилна интернет-конекција достапна на секој вработен во работниот простор на компанијата, но и софтверски апликации со канцелариски алатки и софтверски решенија базирани на cloud инфраструктура за полесна и поефикасна соработка меѓу вработените и клиентите.

Tука сме за да Ве поддржиме. Ние можеме да Ви помогнеме да останете поврзани со Вашите клиенти, да го развиваме и да го промовираме Вашиот бизнис.

А1 Business тарифи

Работете и комуницирајте непречено, каде и да сте, со неограничен интернет на најбрзата мобилна мрежа. Изберете тарифа што совршено ќе ги задоволи Вашите бизнис потреби.

A1 Smart Office

Секој бизнис има потреба од решение кое ќе ја зголеми удобноста, сигурноста и безбедноста во работни простории (канцеларии).

А1 Smart Office е паметен систем за управување со електрични уреди во Вашата канцеларија, така што нема потреба повеќе да се грижите дали сте го затвориле прозорецот од канцеларијата, дали сте ги оставиле светилките вклучени, или, пак, дали сè уште работи клима-уредот. Намалете ги грижите и сметките за електрична енергија со некој од нашите Smart Office пакети и уреди – паметно е да имате А1 Smart Office.

Дознај повеќе

Pantheon cloud

Pantheon Cloud е современо софтверско решение базирано на Cloud, кое ги покрива деловните процеси во Вашата компанија: управување со производство, деловна аналитика, нарачки, фактурирање, сметководство, плати и слично. Наменет е за сите компании од која било дејност. Погоден е и за сметководствените бироа и за нивните клиенти. Со Pantheon Cloud компаниите заштедуваат време и може да ги намалат своите трошоци.

Pantheon Cloud решението преку A1 ги складира Вашите податоци на безбедни сервери во дата-центарот на A1 и им овозможува на Вашите надворешни соработници (на пример, надворешно книговодство) со Ваша дозвола да пристапат до Вашите податоци. На овој начин, работата помеѓу Вас и Вашиот сметководител е едноставна и ефикасна.

Дознај повеќе

ICT Office

ICT Office е решение за мали и средни претпријатија, кое ќе го олесни секојдневното работење. ICT Office нуди избор од три пакети со различни карактеристики и вклучува:

  • четири типа мултифункциски машини (за печатење, копирање, скенирање)
  • софтвер за управување со документи и архива
  • софтвер за малопродажно работење
  • десктоп компјутер со компјутерска галaнтерија

Office Basic

Пакетот Office Basic вклучува софтвер за управување со документи и електронска архива усогласена со препораките за канцелариско работење и архивско работење, софтверот е задолжителен дел од пакетот. Дополнително со овој пакет можете да изнајмите и:

  • мултифункционален уред (принтер) за печатење, копирање, скенирање, црно-бел А4 формат
  • десктоп компјутер со лиценциран оперативен систем, монитор, глувче и тастатура

Office +

Пакетот Office + вклучува софтвер за управување со документи и електронска архива, софтверот е задолжителен дел од пакетот. Со овој пакет можете да изнајмите и дополнителна опрема според Вашите потреби:

  • неколку модели на мултифункционални уреди (принтери) за печатење, копирање, скенирање црно-бел или колор со А4 или А3 формат на печатење
  • наем на десктоп компјутер со лиценциран оперативен систем, монитор, глувче и тастатура

POS Pro

Пакетот POS Pro вклучува софтвер за управување процеси во малопродажба како задолжителен дел од пакетот. Со овој пакет можете да изнајмите и дополнителна опрема според Вашите потреби:

  • десктоп компјутер со лиценциран оперативен систем, монитор, глувче и тастатура
  • техничко обезбедување на малопродажен објект (софтвер за алармирање со Panic Button функционалност)
  • мултифункционален уред (принтер) за печатење, копирање, скенирање, црно-бел А4
  • изнајмување на фиока за пари
  • изнајмување на рачен баркод читач

Софтверот е составен дел од секоја од понудите и е во согласност со препораките во законската регулатива, употребувајќи ги најновите техники и алатки за развој на кориснички софтвер според потребите на корисниците.

Дознај повеќе

Office 365 и Microsoft 365

Office 365 и Microsoft 365 се софтверски решенија што ги вклучуваат познатите Office апликации, какви што се Word, Excel, PowerPoint и Outlook, заедно со дополнителни онлајн бизнис-услуги, кои им овозможуваат на корисниците да имаат пристап до сите канцелариски алатки за да ги задоволат своите потреби. Можете да изберете од неколкуте понудени пакети во зависност од потребите на Вашата организација.

Искористете ги предностите од оваа платформа, која е секогаш достапна:
  • Најмалку 1TB cloud простор за складирање по корисник
  • Најмалку 50GB е-поштенско сандаче за еден корисник
  • Апликации за Вашите десктоп и мобилни уреди
  • Сеопфатни, целосно интегрирани апликации
  • 99,9% гаранција за достапност
Office 365 е современо решение за продуктивност, комуникација и соработка.
  • Споделувајте документи со Вашиот тим и со Вашите клиенти
  • Работете на ист документ во реално време
  • Воспоставете комуникација преку chat, видео или аудиоконференции
  • Централизирајте ги тимовите за подобрување на комуникацијата и овозможување транспарентност
  • Можност за дефинирање на правата за пристап како и карактеристики на усогласеност
Дигитални услуги

A1 Е-mail hosting

Во рамките на услугата e-mail hosting, претплатникот може да ја хостира својата електронска пошта (e-mail) на e-mail сервер на A1. Притоа, во зависност од избраниот пакет, ограничен е максималниот број на e-mail адреси што претплатникот може да ги конфигурира.

Претплатникот може да пристапува до e-mail пораките на серверот преку својот e-mail клиент (на пр. Outlook) користејќи ги стандардните протоколи (POP3, SMTP, IMAP), или, пак, преку интернет-пребарувач (webmail).

E-mail сандачињата се со големина од 4GB или 10GB, во зависност од избраниот пакет.

Дознај повеќе

A1 Web Hosting

Услугата Web hosting овозможува хостирање веб-страници на заеднички сервер на А1 – сервер на кој се делат ресурсите помеѓу сите корисници (интернет- страници) кои се активирани на него. Покрај тоа, услугата исто така вклучува и одреден број хостирани e-mail сандачиња со големина од 1GB.

Претплатникот може да ја хостира својата веб-страница на Windows или на Linux платформа, при што за секоја веб-страница има ограничување на максималниот диск-простор, кој е резервиран за таа веб-страница и кој не може да се надмине. Во рамките на ограничувањето, претплатникот може да го користи достапниот диск-простор за сместување на податоците за својата веб-страница. Исто така, претплатникот може за дополнителна месечна претплата да докупи дополнителни ресурси – веб-хостинг простор и дополнителни e-mail сандачиња.

Претплатникот добива свое корисничко име и лозинка за пристап до својата веб- страница и до контролен панел, преку кој претплатникот може да ја креира и да ја управува својата веб-страница.

Дознај повеќе