Eco Rating на мобилни телефони

За прв пат во Македонија, A1 Ви ја претставува опцијата Eco Rating на мобилни телефони, со која можете да дознаете како Вашиот нов телефон влијае на животната средина.

Со опцијата Eco Rating лесно ќе ја препознаете и ќе ја споредите еколошката одржливост на мобилните телефони, а потоа со Вашиот избор можете да придонесете за зачувување на животната средина.

Eco Rating

Што е Eco Rating?

Eco Rating дава оцена на скала од 1 до 100, која го проценува влијанието на севкупниот процес врз животната средина, вклучувајќи производство, транспорт, начин на користење и отстранување на мобилните телефони. Eco Rating Ви помага да донесете одржлива одлука кога купувате нов телефон.

Рејтинг на телефонот

Eco Rating оценува различни еколошки индикатори на уредот (на пр. јаглероден отпечаток или потрошувачка на ресурси) и зема во предвид критериуми за ефикасност на материјалите, од производство до употреба. Колку е поголема оцената, толку подобри перформанси нуди уредот во однос на одржливоста, а максималната вредност на Eco Rating оцената изнесува 100.

Eco rating ocena Eco rating ocena

5 клучни параметри

Највисока оценка на Еко рајтингот е 100, за максимален учинок во заштита на животната средина. Што е оценката повисока, тоа е поголема заштитата на животната средина.

1

Трајност

Trajnost

Вклучува издржливост на уредот, траење на батеријата и времетраење на гаранцијата за уредот и неговите компоненти.

2

Ресурси

Efikasnost resursa

го проценува влијанието на искористените количини на ретки ресурси потребни за производство на телефони, наспроти исцрпувањето на тој ресурс (на пример, злато за производство на електронски компоненти). Колку е поголем рејтингот, толку е помало влијанието врз достапноста на материјалите.

3

Климатски промени

Klimatska efikasnost

ги проценува емисиите на гасови со ефект на стаклена градина во текот на животниот циклус. Колку е подобар рејтингот, толку е поголем придонесот за заштита на климата.

4

Поправка

Mogućnost popravke

Се однесува на нивото на едноставност за поправка на уредот, земајќи го во предвид дизајнот на мобилниот телефон и придружните активности кои би можеле да го продолжат животниот век на производот или да овозможат повторна употреба и надградба. Високиот резултат покажува дека овие аспекти во голема мера се запазени.

5

Рециклирање

Mogućnost recikliranja

Вклучува можност за повторна употреба и расклопување на компонентите на уредот, наведеност на информации за да се овозможи истото, како и можност за рециклирање на материјалите од кои се составени уредите.

 

За подобар свет

Под мотото “За подобар свет” во рамки на програмата ESG (environmental,social and corporate governance), целосно сме посветени кон развој и реализација на општествено-одговорни проекти во областа на животната средина, дигиталната писменост и корпоративно управување.

Наша стратешка определба е да бидеме социјално одговорна компанија која одржува високи етички стандарди, да придонесуваме во општеството покажувајќи поддршка за ранливите општествени групи и нивните потреби, да одговориме на промените во заедницата и да придонесеме за развој и заштита на животната средина.

Дознај повеќе