A1 Xplore TV интерактивна телевизија преку апликација

A1 Xplore TV е апликација која Ви овозможува да гледате телевизија на Вашиот смарт-телевизор, лаптоп, таблет или смартфон, каде и да се наоѓате.

Услугата A1 Xplore TV е достапна за сите мобилни и/или фиксни постпејд корисници на А1, без склучување дополнитeлни договори. Едноставно, пристапувате до апликацијата, ја активирате услугата A1 Xplore TV и можете да започнете да гледате телевизија.

Покрај за Вашиот дом, A1 Xplore TV е идеално решение и за Вашата викендичка, бидејќи ТВ услугата ја користите на 5 уреди со една месечна претплата од само 299 денари за да гледате до 60 ТВ канали или 699 денари до 200 ТВ канали.

Повеќе информации за A1 Xplore TV услугата, побарајте овде.

А1 Xplore TV преку Android TV Box

Доколку користите телевизор со рамен екран (flat screen) од постар датум но располага со HDMI влез, Android TV Box e идеалното решение за Вас. Сè што треба да направите е го поврзете Andorid TV Box уредот со Вашиот телевизор, да го поврзете уредот на интернет и да ја вклучите апликацијата А1 Xplore TV. Уредот Andorid TV Box можете да го користите на било кој телевизор со рамен екран, на било која локација во Македонија, а притоа потребна Ви е само интернет конекција. Со Andorid TV Box уредот Вашиот телевизор станува смарт-телевизор, а покрај A1 XploreTV можете да користите и други апликации како Netflix, YouTube, Sky ShowTime и друго.

Аndorid TV Box уредот е достапен по цена од 2.999 денари еднократно или на рати за само 129 денари/месечно.