Апликации

A1 Автолокатор - Услуга за контрола и управување со возила

Со услугата A1 Автолокатор, GPS систем за следење на возила, Вие имате целосна контрола над Вашиот возен парк. Со оваа услуга, Вие во секој момент знаете што се случува со Вашите возила и имате постојан преглед на сите трошоци.

Услугата Ви овоможува:

  • Следење во живо каде се Вашите возила во моментот и дали се во движење или во мирување
  • Детален извештај и реконструкција на однесувањето на возачот и на возилото
  • Безбедносен аларм – алармирачките сигнали може да пристигнат директно на Вашиот мобилен телефон преку SMS-порака или на Вашата е-mail адреса
  • Информации за недозволено однесување – пречекорување брзина, прекршоци, напуштање претходно утврдени области итн.
  • Дефинирање рута на движење за возилото
  • Сензори за температура
  • Мониторинг на потрошувачката на гориво
  • Поврзување со таксиметар – следење во живо на сите возила и можност за комуникација со секој возач одделно
  • Сензори за седиштата со регистрирање присуство и број на патници во возилото
  • Експертски совети, препораки и советување

Со A1 Автолокатор ќе ја зајакнете контролата врз користењето на Вашите ресурси: ќе ја подобрите продуктивноста на возилата и работната дисциплина на вработените, ќе спречите неавторизирано користење на Вашите возила и ќе бидете обезбедени од кражба. Тоа секако ќе доведе до намалување на оперативните трошоци за гориво, сервис и осигурување.