Exoscale
Exoscale e ICT-услуга што овозможува користење виртуелна Cloud инфраструктура. Оваа услуга ја нудиме во соработка со партнер на А1Телеком Австрија Групацијата.
Exoscale располага со четири дата-центри, кои се наоѓаат во Европа, и тоа два во Швајцарија, еден во Германија и еден во Австрија, кои ги исполнуваат сите европски и светски стандарди за работа во Cloud.
Типот на услугата е Инфраструктура како сервис (IaaS) и овозможува:
- можност за Ваш избор на дата-центар со сервери на европска почва
- висока достапност на услугата од 99,5%
- наплата на услугата по искористеност во зависност од времето и од алоцираните ресурси
- атрактивни цени
Exoscale нуди можност за креирање продукциска, тестна или развојна околина со инстанци (виртуелни машини) според Вашите потреби, додека конфигурацијата на инстанците е скалабилна.
Во рамките на услугата Exoscale, на Вашите инстанци можете да поставите веб-апликации, бази на податоци, да користите простор за чување податоци и слично.
Продуктното портфолио на Exoscale, меѓу другото, ги нуди следните продукти, односно услуги:
- Скалабилни виртуелни машини со високи перформанси
- Скалабилен и сигурен простор за чување податоци во Cloud (storage)
- Моќни графички процесори (GPU servers)
- DNS (Domain Name Servers) сервери
- Runstatus – Алатка за мониторинг и известување за инциденти
Цените на услугата зависат од избраната конфигурација и од времето на нејзино користење и се наплаќа само времето кога инстанцата е активна.
Ценовник на дел од продуктите од Excoscale портфолиото (без вклучен 18% ДДВ):
Скалабилни виртуелни машини со високи перформанси
Стандардни инстанци:
1 CPU Core
1 CPU Core
2 CPU Cores
2 CPU Cores
4 CPU Cores
4 CPU Cores
8 CPU Cores
Големи инстанци:
12 CPU Cores
16 CPU Cores
24 CPU Cores
Скалабилен и сигурен простор за чување на податоци во Cloud (storage)
Моќни графички процесори (GPU servers)
56 GB RAM
12 CPU Cores
90 GB RAM
16 CPU Cores
120 GB RAM
24 CPU Cores
225 GB RAM
48 CPU Cores
DNS (Domain Name Servers) сервери
Искористените услуги се наплаќаат преку месечна фактура издадена од A1 при што сите надоместоци ќе бидат пресметани согласно со погоре наведените цени и ќе бидат наведени во фактурата во денарска противвредност по среден курс на НБРМ на денот на нејзиното изготвување.
Повеќе информации за Exoscale можете да најдете на www.exoscale.com