Потребни се 5 секунди за интернетот да стане подобро место

Интернетот значително го трансформира нашиот начин на живот, забрзувајќи го темпото на секојдневните активности. Со само еден клик, информации, слики и пораки се пренесуваат до најоддалечените точки на светот. Овој технолошки напредок претставува значајна придобивка за човештвото, но само доколку го користиме одговорно.

Во А1 Групацијата, се грижиме секогаш и секаде да бидете онлајн. Но, нашата одговорност не застанува тука. Се стремиме нашата мрежа да го збогати вашиот живот но и да минимизираме било какви потенцијални негативни последици. Затоа, некогаш е поважно да запреме за момент и да размислиме. Тоа е замислата зад кампањата „5 секунди“.

5 секунди прават разлика!

Потребни се 5 секунди за да одлучите дали со некој несоодветен коментар ќе навредите друго лице. Без разлика на тоа дали се работи за приватна фотографија што завршила во погрешни раце или за е-порака за фишинг што предизвикала штета. Накратко: Издвојте 5 секунди за интернетот да биде побезбедно, подобро место.

2025 ќе биде годината кога заедно ќе го направиме интернетот подобро место за сите

Како Групација А1, со години ја прошируваме својата одговорност надвор од рамките на бизнисот. Се грижиме за намалување на нашиот јаглероден отпечаток. Ги едуцираме децата за безбедност на интернет, а повозрасните ги учиме како да препознаат фишинг.

Преку кампањата „5 секунди“, сакаме да ве вклучиме вас – нашите корисници. Заедно да го направиме интернетот подобро место.