Конференција „CyberGuard 2024“
А1 ги обединува водечките глобални експерти за безбедност на интернет
Општо земено, новите технологии како што е интернетот го олеснуваат животот. Но, постојат и недостатоци, поради што е важно одговорно да го користиме. Одговорност за создавање побезбедна средина онлајн има целото општество. Тоа беше еден од заклучоците на конференцијата „CyberGuard 2024“ одржана на 3 октомври во Центарот за настани „Мозаик“ во Загреб.
Растечкиот број на закани од измами на интернет и зголемениот број на можни ризици со кои се соочуваат децата, младите и деловниот свет доведе до тоа А1 Хрватска и Центарот за побезбеден интернет да ја организираат конференцијата „CyberGuard 2024“. Главната цел беше да се обединат водечките експерти во полето на кибербезбедноста, деловните безбедносни решенија и образованието, како и да се отпочне дискусија за заштита и одговорно однесување на интернет.
Гостите добија можност да ги слушнат неверојатните искуства на експертите од САД, Обединетото Кралство, Канада и Финска, кои неуморно работат на борбата против насилство на интернет. Конференцијата им овозможи на учесниците да дознаат повеќе за актуелни теми како што се безбедноста на децата на интернет, заштита на приватноста и деловни безбедносни решенија. Овие теми ги дискутираа амбасадорката на САД во Хрватска - Натали Рејес, правниот советник за компјутерско хакирање и интелектуална сопственост (ICHIP) на Министерството за правда на САД - Кристи О'Мали, експертот за кибербезбедност - Тино Шокиќ и многу други.


„Општествената одговорност е длабоко врежана во ДНК-та на сите кои работат во А1. Како давател на мрежни услуги, свесни сме дека оваа одговорност е најголема во областа на безбедноста на интернет. Со години посветуваме посебно внимание на оваа тема преку нашата платформа #BoljiOnline како А1 Хрватска, пуштена во употреба во соработка со Центарот за побезбеден интернет, или преку безбедносните решенија и услуги што им ги даваме на бизнисите“ нагласи Дејан Турк, генерален извршен директор на А1 Хрватска и А1 Словенија.

На конференцијата беа презентирани најдобрите практики за подигање свест за ризиците на интернет и конкретни алатки за заштита, како и техничките аспекти на кибербезбедноста, при што се овозможи увид во најновите технологии и методи за заштита на личните податоци.
„Оваа конференција претставува единствена можност за стекнување нови знаења и за оформување нови мислења за жртвите и траумата во просторот онлајн, но и за развивање алатки што може да се корисни за закрепнувањето на жртвите на сексуална злоупотреба на интернет. Сметам дека искуствата на водечките експерти значително ќе придонесат за подигање на свеста и подобрување на професионалното работење во нашите региони. Конференцијата „CyberGuard 2024“ е посебна бидејќи беше организирана во соработка со нашиот долгогодишен партнер А1 Хрватска, ги обедини врвните експерти и ни ја претстави платформата #BoljiOnline“, изјави Томислав Рамлјак, раководителот на Центарот за исчезнати и злоупотребени деца (CNZD) и Центарот за побезбеден интернет (CSI).
Рамлјак нагласи дека децата често се изложени на несоодветни содржини на интернет, поради што соработката помеѓу родителите и институциите е од клучна важност за создавање подобар и побезбеден простор онлајн.
„Колку поинформирани сме за проблемот и начините за заштита, толку поуспешно ќе ги сопреме лошото однесување и последиците од употребата на интернетот“, рече раководителот на Центарот за побезбеден интернет. Рамлјак, исто така, упати апел до донесувачите на одлуки да ги преземат сите потребни законодавни чекори за безбедност и заштита на интернет.

Слична порака упати Народниот правобранител за деца на Хрватска, Хеленца Пирнат Драгичевиќ, која презентираше обесхрабрувачка статистика во воведниот говор.
„Истражувањата покажуваат дека родителите во Хрватска разговараат со своите деца просечно седум минути во денот. Тоа е премалку. Треба да разговараат многу повеќе и, доколку е потребно, да се едуцираат за ризиците на интернет и начините за заштита со цел да ги поддржат своите деца“, нагласи Драгичевиќ. А, зошто жртвите на злоупотреба на интернет молчат? Одговор на ова прашање даде Кетрин Книбс, технолог за човечко однесување и директорка на „Children and Tech UK“.
А, зошто жртвите на злоупотреба на интернет молчат? Одговор на ова прашање даде Кетрин Книбс, технолог за човечко однесување и директорка на „Children and Tech UK“.
„Молчењето потекнува од стравот дека ќе бидат одбиени. Злоупотребените деца обично се соочуваат со закани и уцени. Им се вели дека најблиските ќе ги одбијат ако дознаат што им се случува. На децата им се потребни други луѓе за да преживеат. Може да започнете со водење разговори што креираат отворен дијалог, а за ова е потребно возрасните да станат свесни за тоа како зборуваат со децата и да создадат безбедна средина за чувствителни теми. Родителите треба да се смирени и да ги контролираат своите реакции за да може да ги регулираат чувствата на децата и да ги уверат децата дека слободно може да им се обратат, без разлика на тоа за што им треба помош“, рече експертката.

За време на првиот панел на тема „Дали сме #ПодобриОнлајн (#BoljiOnline)?“ се разгледаа важни прашања за состојбата во Хрватска и начините за подобрување на дигиталниот простор. Панел дискусијата опфати теми како што се кибернасилство, заштита на децата на интернет и проекти како „Gen Z Academy“ и „School of Responsible Influencing“. Вториот панел на тема „Иднината на кибербезбедноста – Што да очекуваме?“ се фокусираше на деловната безбедност и новите технолошки трендови како што е вештачката интелигенција во I
Фотографии во сопственост на А1 Хрватска