Фишинг

Фишингот е форма на социјален инженеринг и измама, при што напаѓачи наведуваат лица да откријат чувствителни информации или да инсталираат малвер, како што се вируси, или рансомвер. 82% од случаите на нарушување на безбедноста на личните податоци вклучуваат човечки фактор – искористување човечка грешка или однесување со цел да се добие пристап до информации или услуги.

Во А1 Групацијата, се грижиме секогаш и секаде да бидете онлајн. Но, нашата одговорност не застанува тука. Се стремиме нашата мрежа да го збогати вашиот живот но и да минимизираме било какви потенцијални негативни последици. Затоа, некогаш е поважно да запреме за момент и да размислиме. Тоа е замислата зад кампањата „5 секунди“.

Според Европскиот совет, фишингот е најчест првичен метод за напад со рансомвер што се смета за една од најсериозните киберзакани во ЕУ.

Не дозволувајте да ве измамат и искористете ги овие 6 основни совети за да препознаете е-порака за фишинг:
  1. Проверете ја адресата на е-пошта на праќачот: Која е вистинската адреса?
    Можно е добиената е-пошта да не е испратена од изворот што е наведен во потписот. Поставете го курсорот над името на Праќачот за да потврдите дека адресата е вистинска.
  2. Внимавајте на сомнителни врски и детално разгледајте го доменот.
    Поставете го курсорот над врската за да потврдите дека е вистинска. Некои домени се обидуваат да ја копираат оригиналната адреса за корисниците да мислат дека адресата на е-пошта е веродостојна, но содржат печатни грешки.
  3. Внимавајте на прилози на е-пораки што привлекуваат внимание или се неочекувани.
    Во прилозите може да има малвер.
  4. Понудата е премногу добра за да биде вистинита.
    Екстремно атрактивни попусти се користат како мамка.
  5. Е-пораката ви создава чувство на итност преку закана за финансиска загуба или губење на пристапот.
    Во вистинските е-пораки обично се користи поучтиво обраќање што не создава чувство на толкава итност.
  6. Внимавајте на печатни грешки или невообичаен збороред.

Дознајте повеќе и тестирајте си ги знаењето и способноста за препознавање е-порака за фишинг преку Квизот за фишинг на А1.*