eSIM
eSIM ги содржи сите податоци
како и класичната SIM-картичка,
но е многу поедноставна и побезбедна за користење.
Што е eSIM?
eSIM е чип кој е интегриран во Вашиот мобилен уред, така што повеќе не треба да се грижите за физичката SIM-картичка. eSIM го повлекува Вашиот профил, кој содржи информации што Ве идентификуваат како негов корисник. Лесен е за користење, а во иднина се очекува eSIM целосно да ги замени класичните SIM картички.
Зошто да користите eSIM?
СÈ Е ИНТЕГРИРАНО
eSIM ги содржи сите податоци за операторот кои се потребни за употреба.
БЕЗ ФИЗИЧКИ КАРТИЧКИ
Повеќе не треба да се грижите за големината на Вашата SIM-картичка.
СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ОКОЛИНАТА
eSIM е еколошки прифатлива - нема пластика, а можно е да се користат повеќе профили на eSIM истовремено.
ЛЕСНО АКТИВИРАЊЕ
Ја активирате eSIM со скенирање на QR-кодот што го преземате заедно со Вашиот PIN и PUK.
Како да побарате eSIM?
Преку веб:
Кога нарачувате мобилен телефон.
На продажно место:
Список на продажни места.
За информација јавете се во службата за грижа за корисници:
Активација на eSIM картичка за Android и iOS уреди
Погледнете како лесно и едноставно да активирате eSIM картичка на Android или iOS уреди
Кои уреди поддржуваат eSIM?
Изберете од прикажаните уреди кои поддржуваат eSIM и уживајте во новото искуство.
Дали имате дополнителни прашања?
Прегледајте ги најчестите прашања бидејќи меѓу нив може да има одговор на вашето прашање.
eSIM ги има истите карактеристики како и класичната физичка SIM, а новитет е активацискиот QR код. При активација се скенира само активацискиот QR код, не е потрeбно внeсување на PIN.
Внатрешната меморија на eSIM ви овозможува да складирате контакти како и физичката SIM, но бришењето на профилот на eSIM од уредот исто така ги брише сите податоци зачувани на eSIM.
Кога преминувате од физичка SIM-картичка на eSIM, сите контакти мора да се зачуваат на Google, IOS или слична сметка.
eSIM е достапен за А1 Постпејд корисниците, приватни и деловни, како и за А1 Припејд корисниците кои користат смартфон што поддржува еSIM картичка.
Пред сè, потребен Ви е мобилен уред кој поддржува eSIM, а потоа eSIM ваучер кој можете да го подигнете во А1 продажните места.
Како да активирам eSIM на мојот телефон?
Во случај да сте го изгубиле мобилниот уред, задолжително пријавете ја загубата во А1 Контакт центарот на бројот 077 1234, за да можеме привремено да ја прекинеме Вашата линија.
Потоа, потребно е да побарате нов eSIM ваучер во А1 продажните места.
Можете да го активирате новиот eSIM профил на ист начин како и првото активирање.