А1 Македонија во соработка со ORYX Assistance, Ви ја нуди услугата Home Assistance која Ви овозможува техничка помош во случaj на итнa интервенција за отстранување на дефекти во домот. Услугата е достапна за сите А1 постпејд мобилни и фиксни резидентни корисници, без обврска за склучување договор.
Поволности кои ги добивате со услугата Home Assistance
Контакт центар
0800 22 202
24/7, 365 дена во годината
Бравар
отклучување на врати и сервисирање на оштетени брави
Електричар
дефекти на електрични инсталации во домот
Столар
дефекти на надворешни прозорци и врати во домот
Водоинсталатер
оштетувања на водоводни инсталации
Стаклар
оштетувања на стаклата на надворешни прозорци и врати
Дефекти кои ги покрива услугата Home Assistance во Вашиот дом
- Санација на брава или овозможување на отварање на врата поради: заглавен/скршен клуч во брава, скршена брава или оштетена брава во случај на провална кражба
- Неможност за затворање на надворешни врати и прозорци поради: кршење или оштетување на самите врати или прозорци, како и на нивните рамки
- Санација на водоводни и канализациски цевки поради: пукната цевка, протекувања од споеви на водоводни цевки, протекувања од централен систем за греење.
- Санација на електрична инсталација поради: краток спој, оштетена изолација на кабли, оштетени електрични спојки и друго
Подетални информации за штетите и поволностите на оваа услуга, прочитајте во Општите услови за користење на следниот линк.
Цена на услугата
Услугата Home Assistance е достапна по цена од само 99 ден./месечно.
Вредноста на покритието на услугата изнесува 13.000 ден./годишно, со можност за користење на поволностите, најмногу 3 пати годишно.
Како се активира услугата Home Assistance?
- Во продажните салони на А1
- Преку повик на Контакт Центарот на А1 на бројот 077 1234
Како да пријавите итен случај?
Во случај на потреба од итна интервенција Ве молиме јавете се на бесплатниот број 0800 22 202.