Max - Најдобрите серии и филмови со A1 Combo

Со Max гледајте ги омилените филмови и серии каде и да сте! Уживајте во повеќе од 15.000 наслови од Warner Bros, HBO, Max Originals, DC, Cartoon Network и многу други - за првпат на едно место.

Услугата Max овозможува следење на содржините преку интернет. Гледајте ги најдобрите филмови, најновите серии, документарни филмови и концерти што Ви се достапни за следење преку компјутер/лаптоп, смартфон, таблет или smartTV секогаш кога ќе посакате, најмногу на 5 уреди, а истовремено на 3 уреди.

HBO Premium пакет

Услугата Max е достапна со пакетот HBO Premium, кој покрај услугите Max и HBO on Demand, ги вклучува и телевизиските канали HBO, HBO2 и HBO3. Пакетот HBO Premium е достапен за сите корисници на A1 Combo, A1 Combo Lite, A1 TV и A1 TV Lite, со месечна претплата од 299 денари.

Пакетот HBO Premium можете да го активирате во сите продажни места на A1 или со повик во Контакт центарот на 077 1234.

Услуга Max

Услугата Max е достапна и за активација како самостојна услуга, за следење на содржините преку интернет, за сите A1 Постпејд корисници на фиксни и мобилни услуги (со A1 SIM-картичка), со претплата од 429 денари/месечно.

Услугата Max можете да ја активирате:

  • во сите продажни места на A1
  • со повик во Контакт центарот на 077 1234
  • со праќање на SMS со текст MAX START на бројот 149 100

Во зависност од начинот на активација, ќе добиете активациски код преку SMS, е-мејл или во продавница (од кога почнува наплатата на услугата), кој треба да го внесете при регистрација за користење на услугата на страницата www.max.com.

Претплатата за услугата Max автоматски се продолжува секој нареден месец (за нови 30 дена), сè додека корисникот не ја деактивира услугата. Деактивација на услугата Max можете да ја направите во сите продажни места на A1, со повик во Контакт центарот на 077 1234 или со праќање SMS со текст Max STOP на бројот 149 100.

Регистрација за користење на услугата Max

За да гледате Max преку Вашиот компјутер, потребно е да пристапите на www.hbomax.mk и да направите регистрација. За користење HBO Max на Вашиот смартфон или таблет, инсталирајте ja мобилната апликација Max од Google Play Store или од App Store. Откако ќе ја преземете мобилната апликација, регистрирајте се за користење на Max на мобилната апликација Max или тука, на следниов начин:

  • Изберете оператор А1 Македонија ДООЕЛ.
  • Внесете го активацискиот код, добиен преку SMS, е-mail или во продавница.
  • По успешната регистрација, најавeте се и можете да започнете со користење на Max.

 

При користење на Max, имајте предвид дека се користи интернет-сообраќај од вашата тарифа.