А1 Македонија е победник на Ecommerce Awards во категоријата „Најдобра веб страна за плаќање на сметки“.

1
2
Чекор 3
4

Платете сметка брзо и лесно

Внесете го бројот на фактурата што сакате да ја платите.

Износот од фактурата автоматски ќе се вчита во полето за износ.

Погледнете го видео туторијалот за онлајн плаќање на Вашата сметка.

Бројот на фактурата може да го најдете во горниот десен агол од Вашата сметка, доколку сте приватен корисник и не го знаете бројот на фактурата што сакате да ја платите, пратете SMS со каква било содржина од Вашиот телефонски број на бесплатниот број 14500 и ќе добиете повратна порака со информации за бројот на фактурата, периодот што го опфаќа и за износот на фактурите што се однесуваат на Вашиот број.

Доколку сте бизнис-корисник или, пак, корисник на фиксен пакет и не го знаете бројот на Вашата фактура, пишете ни на kontakt@a1.mk или јавете се во Контакт-центарот на 077 1234.

Потврда за платената фактура ќе добиете веднаш на внесената е-мејл адреса. Доколку не внесете е-мејл адреса, потврда за плаќањето ќе добиете преку SMS-порака на телефонскиот број на кој ги добивате редовните SMS-известувања за издадена фактура, следниот работен ден по извршената уплата.
  • преку мобилната апликација "Мојот A1", во делот "Сметки"
  • со најава на веб порталот "Мојот А1", во делот "Сметки"
  • во сите А1 продажни места (на каса или преку платомат)
  • во банка, електронски, шалтерски или вирмански на било која од следниве трансакциски сметки: НЛБ Банка 210-0706831002-12, Стопанска банка 200-0029212758-54, Комерцијална банка 300-000003896-235 и Halkbank 270-0706831001-22
  • преку банкомат на Стопанска банка или НЛБ банка
  • во пошта

Тековната состојба на Вашата сметка може да ја проверите:

  • доколку се најавите на мобилната апликација "Мојот А1", во делот "Состојба"
  • доколку се најавите на веб порталот "Мојот А1" и ja изберете опцијата "Сметки - Преглед"
  • доколку испратите СМС-порака со текст SMETKA на бројот 1278. Цената на СМС-пораката е 0 денари
  • доколку се јавите на бројот 1278 со следење на инструкциите од постпејд менито. Цената на повик е 0 денари

Моменталната состојба е од информативен карактер и не вклучува месечни претплати, еднократни надоместоци, попусти или трошоци направени во роаминг.

Со најава на мобилната апликација Мојот А1 или преку веб порталот Мојот А1, имате целосен преглед на издадените сметки од последните 12 месеци, како и детален преглед (повици и настани) на сметките, издадени во последните 5 месеци.