Активација на е-сметка
Дајте го својот придонес во зачувување на околината, со активирање на услугата "Електронска сметка"!
Со оваа услуга, сметката повеќе нема да ја добивате во хартиена форма, туку на Вашата e-mail адреса ќе добиете:
- број на фактура, како и износот на Вашата месечна сметка
- PDF документ од Вашата месечна фактура
Услугата Е-сметка можете да ја активирате на еден од следните начини:
- преку мобилната апликација Мојот А1, во делот Сметки
- со праќање SMS порака во која ќе ја наведете Вашата е-мејл адреса на бесплатниот број 140410
- преку веб-страницата www.A1.mk, во секцијата Мојот А1
По активацијата, следната издадена сметка, ќе Ви биде доставена на Вашата e-mail адреса.