Припејд
пакети

Сурфај секаде слободно со интернет-пакетите во A1 Припејд

Лајкувај, постирај, гледај видеа, играј онлајн игри и биди секогаш со твоите пријатели на сите социјални мрежи. Со A1 интернет-пакетите имаш постојано интернет, каде и да си. Избери го твојот пакет, активирај со бесплатна SMS-порака и добиј интернет колку што ти е тебе потребно за да бидеш постојано онлајн. Пакетите се достапни за сите нови и постојни A1 Припејд корисници.

Месечни интернет пакети

Неделни и дневни
интернет пакети

По искористување на вклучениот интернет во пакетот, корисниците нема да имаат пристап на интернет до истек на валидноста на тековниот пакет, или пак, за да продолжат со користење интернет, можат дополнително да активираат некој од интернет-пакетите - дневен, неделен или месечен пакет. Корисниците можат истовремено да имаат активирано неколку пакети што вклучуваат интернет сообраќај.

Активираниот пакет автоматски се обновува по истекот на неговата валидност доколку имаш доволно кредит на твојата сметка. Ќе добиеш SMS-известување дека пакетот е активиран.

Корисниците на Џабест тарифен модел, за активација на пакетите треба да испратат SMS на 181 со текст DNEVEN NET (za дневен пакет со 100MB), START NEDELA 1GB (за неделен пакет со 1GB), START NEDELA 200MB (за неделен пакет со 200MB), START MESEC 1GB (за месечен пакет со 1GB) или START MESEC 3GB (за месечен пакет со 3GB). Доколку не сакаш опцијата автоматски да биде продолжена, корисниците треба да испратат SMS на 181 со текст DNEVEN NET STOP, STOP NEDELA 1GB, STOP NEDELA 200MB, STOP MESEC 1GB или STOP MESEC 3GB за соодветниот интернет пакет.

Сè што ти треба, во еден припејд пакет!

БУКВАЛНО!

Неограничено на социјалните мрежи, интернет, неограничени разговори и SMS

Сакаш незаборавни моментни и возбудлива забава? Сакаш да сурфаш, да четуваш, да споделуваш и да зборуваш бескрајно многу? Новиот месечен припејд пакет има БУКВАЛНО сè што ти треба!

Aктивирај го месечниот припејд пакет XL и добиј неограничено сурфање на социјалните мрежи Facebook, Instagram, TikTok, Twitter, Messenger, Snapchat и WhatsApp, неограничени разговори и SMS-пораки кон сите национални мрежи и 10GB интернет за опуштено сурфање, цел месец, за 499 ден./месечно.

Сите А1 Припејд корисници можат да ги активираат пакетите преку апликацијата Мојот А1 или со испраќање SMS-порака на бројот 1474.

Месечни пакети

Неделни пакети


Пакетот ќе биде достапен за користење откако корисникот ќе добие потврда преку SMS-порака. Активираниот пакет автоматски се обновува по истекот на неговата валидност доколку корисникот има доволно кредит на припејд сметката.

Кај пакетите што вклучуваат интернет, по искористување на вклучениот интернет во пакетот, корисниците нема да имаат пристап на интернет до истек на валидноста на тековниот пакет, или пак, за да продолжат со користење интернет, можат дополнително да активираат некој од интернет-пакетите – дневен, неделен или месечен пакет. Корисниците истовремено можат да имаат активирано неколку пакети што вклучуваат интернет-сообраќај.

А1 Go Social е неделен пакет со неограничено сурфање на твоите омилени социјални мрежи Facebook, Instagram, TikTok, Twitter, Messenger, Snapchat и WhatsApp. Ослободи ја креативноста и споделувај слики и видеа, гледај и постирај сторис, четувај со пријателите без да трошиш дополнителен интернет. Пакетот А1 Go Social вклучува и дополнителен 1GB интернет.

Пакетот А1 Go Social може да го користиш сè додека имаш најмалку 1MB преостанат мобилен интернет од доделениот 1GB од пакетот А1 Go Social или од друг активиран интернет пакет. Доколку го потрошиш интернетот, активирај нов пакет за да продолжиш да го користиш пакетот А1 Go Social.

Пакетот е достапен за сите А1 припејд корисници. Сите постоечки А1 припејд корисници можат да го активираат пакетот со SMS текст START на 1499 или преку апликацијата Мојот A1. По истекот, пакетот автоматски ќе се реактивира за редовната неделна претплата од 119 денари сè додека корисникот има доволно кредит на сметката.

Корисникот може да провери статус на преостанат интернет од доделениот 1GB дополнителен интернет во пакетот, преку апликацијата Мојот А1 или преку SMS на бројот 1440.

За повеќе информации јави се во Контакт центар на 077 1234.

Пакетот A1 Go Social не важи за интернет сообраќај:

  • остварен со видео повици и VoIP повици преку наведените апликации и
  • остварен преку линк кој води кон содржина која е поставена надвор од наведените социјални мрежи (пр. следење на линк од Facebook кој води кон YouTube содржина не спаѓа во интернет сообраќајот вклучен во пакетот А1 Go Social туку истиот се одзема од вклучениот интернет)

За да се користи пакетот потребно е корисникот да ги има инсталирано апликациите Facebook, Instagram, TikTok, Messenger, Snapchat и WhatsApp или потребно е да се симнат апликациите од Google Play Store или од App Store. Интернет сообраќајот искористен за симнување не е вклучен во пакетот т.е. за симнување ќе се користи дополнителен интернет. Пакетот А1 Go Social важи во Македонија.

Неделни опции за бесплатни разговори

Избери го твојот A1 Припејд пакет, зборувај бесплатно и биди постојано онлајн!

Активирај го твојот A1 Припејд пакет со бесплатна SMS-порака и веднаш ќе можеш да започнеш со долги разговори со твоите пријатели! Лајкувај, постирај и биди секогаш со твоите пријатели на сите социјални мрежи. Супер е да си A1 Припејд и да можеш да бидеш во контакт со сите, слободно!

Периодот на валидност на пакетот се пресметува од моментот на неговата активација.

Пакетите се достапни за сите нови и постојни A1 Припејд корисници. По искористување на вклучениот интернет во пакетот, корисниците нема да имаат пристап на интернет до истек на валидноста на тековниот пакет, или пак, за да продолжат со користење интернет, можат дополнително да активираат некој од интернет-пакетите - дневен, неделен или месечен пакет. Корисниците можат истовремено да имаат активирано неколку пакети што вклучуваат интернет сообраќај. За повеќе информации јавете се на 077 1234.

Неделни пакети за разговори

Активирај ја твојата опција со бесплатна SMS порака, по што ќе биде повлечен соодветен надомест, а ти веднаш можеш да започнеш со долги разговори со твоите пријатели!


Дневен пакет за разговори

Активирај ја Дневната опција и добиј 60 бесплатни минути за разговори кон сите корисници на тарифни модели на A1 за само 19 денари. Бесплатните минути се валидни 24 часа од моментот на активирање на опцијата. За активирање, испрати бесплатен SMS на 140 100 со содржина „DEN". Ќе добиеш SMS-известување дека пакетот е активиран. За проверка на преостанатите минути за бесплатни разговори испрати SMS сo текст „STATUS" на 140 100.

Деактивација

Неколку часа пред истекот на опцијата, ќе добиeш известување по SMS за автоматско продолжување. Доколку не сакаш опцијата автоматски да биде продолжена, одговори со „STOP" на 140100. Истовремено може да се користи само една од опциите за бесплатни минути со тарифен модел на A1.


Пакетот А1 Go Social може да го користиш сè додека имаш најмалку 1MB преостанат мобилен интернет од доделениот 1GB од пакетот А1 Go Social или од друг активиран интернет пакет. Доколку го потрошиш интернетот, активирај нов пакет за да продолжиш да го користиш пакетот А1 Go Social.

Пакетот е достапен за сите А1 припејд корисници. Сите постоечки А1 припејд корисници можат да го активираат пакетот со SMS текст START на 1499 или преку апликацијата Мојот A1. По истекот, пакетот автоматски ќе се реактивира за редовната неделна претплата од 119 денари сè додека корисникот има доволно кредит на сметката.

Корисникот може да провери статус на преостанат интернет од доделениот 1GB дополнителен интернет во пакетот, преку апликацијата Мојот А1 или преку SMS на бројот 1440.

За повеќе информации јави се во Контакт центар на 077 1234.

Пакетот A1 Go Social не важи за интернет сообраќај:

  • остварен со видео повици и VoIP повици преку наведените апликации и
  • остварен преку линк кој води кон содржина која е поставена надвор од наведените социјални мрежи (пр. следење на линк од Facebook кој води кон YouTube содржина не спаѓа во интернет сообраќајот вклучен во пакетот А1 Go Social туку истиот се одзема од вклучениот интернет)

За да се користи пакетот потребно е корисникот да ги има инсталирано апликациите Facebook, Instagram, TikTok, Messenger, Snapchat и WhatsApp или потребно е да се симнат апликациите од Google Play Store или од App Store. Интернет сообраќајот искористен за симнување не е вклучен во пакетот т.е. за симнување ќе се користи дополнителен интернет. Пакетот А1 Go Social важи во Македонија.

Ви треба помош за избор на припејд пакет?