Нов припејд корисник

A1 Припејд SIM-картичка

20GB
399 ден. Еднократно
Нарачај

A1 Duo

20GB
20GB
599 ден. Еднократно
Нарачај

Како нов А1 Припејд корисник, дополнително добиваш и:

Неограничени разговори во мрежата на А1 во првата недела од активацијата и 49 денари кредит. Вклучениот кредит на A1 Припејд SIM-картичките може да го користиш за што сакаш.

По истекот на периодот, наведените пакети автоматски ќе се обноват, и тоа месечниот пакет со 20GB интернет за 299 ден. и неделниот пакет со неограничени разговори во А1 за 79 ден.

По активирањето на A1 Припејд картичката, таа ќе ти биде валидна 12 месеци, период во кој ќе можеш непречено да ја користиш за остварување повици, праќање и примање SMS/MMS пораки и за која било друга услуга што ја нуди A1.

По истекот на активниот период од 12 месеци, имаш дополнителни 3 месеци, и во овој период можеш да направиш надополнување на кредит и со тоа ќе ја реактивираш својата A1 Припејд картичка.

Без разлика на твоите навики на трошење или твојот буџет, A1 ти нуди неколку начини со кои можеш да ја дополниш твојата припејд сметка.

Со секое надополнување на сметката, валидноста на A1 Припејд картичката се продолжува во зависност од износот на надополнетиот кредит. За надополнет кредит од 100 денари, валидноста на твојата A1 Припејд картичка се продолжува за 90 дена, за надополнет кредит помеѓу 101 и 499 денари валидноста се продолжува за 180 дена, додека за надополнет кредит од 500 денари или повеќе, валидноста на картичката се продолжува за 12 месеци.

Проверка на состојбата на кредитот може да направиш:

  • преку USSD кратки кодови: *101 #, по што ќе примиш порака со детали за состојбата и датумот на истекување; или
  • преку Припејд менито: сврти 1770, па притисни 1, по што ќе го чуеш износот на неискористениот кредит како и датумот кога ќе истече твојот кредит.

Сакате да станете нов А1 припејд корисник?