Roadside
Assistance

Помош на пат

А1 Македонија во соработка со ORYX Assistance, Ви ја нуди услугата Roadside Assistance - помош на пат, која Ви овозможува опуштено да патувате со Вашето возило, без да се грижите за евентуалните дефекти или сообраќајни незгоди при патувањето, во земјата или во странство. Услугата е достапна за сите А1 постпејд мобилни корисници (физички и правни лица), со склучување договор на 24 месеци.

Roadside Assistance пакети

Достапни се 3 пакети, кои се однесуваат за патувања во Македонија, во регионот и Европа и Ви овозможуваат соодветни поволности.

Пакетот Регион ги опфаќа следните земји:

  • Македонија
  • Грција
  • Албанија
  • Kосово
  • Србија
  • Босна и Херцеговина
  • Хрватска
  • Бугарија
  • Црна Гора
Road Assistance Македонија Регион Европа
Поправка на возило 7.500 ден. 12.500 ден. 17.000 ден.
Транспорт на возилото 12.000 ден. 23.000 ден. 34.000 ден.
Заменско возило 1 ден
3.100 ден./дневно
2 дена
3.100 ден./дневно
3 дена
3.100 ден./дневно
Алтернативен превоз 5.000 ден. 9.000 ден. 18.000 ден.
Достава на гориво до 20 литри, неограничен број пати
Drive Angel апликација* Вклучена во сите пакети
Хотелско сместување / 3 дена
3.100 ден./дневно по лице
4 дена
3.100 ден./дневно по лице
Вредност на покритието на пакетот* 27.600 ден. 50.700 ден. 78.300 ден.
 
Месечна претплата 79 ден.
месечно
99 ден.
месечно
129 ден.
месечно
Контакт центарот е достапен во секое време, 24/7
0800 22 202 за повици од Македонија, +389 2 3204 032 за повици од странство

Сите поволности наведени во табелата се однесуваат на период од 12 месеци.

*Вредност на покритието на пакетот – во наведените вредности не се пресметани поволностите за неограничено користење на услугата достава на гориво и услугата хотелско сместување за возачот и сопатниците, најмногу до 4 денa, согласно пакетот, до вкупен износ од 3.100 денари по ден и по лице.

Поволности кои ги добивате со услугата Roadside Assistance

  • Поправка на возилото во случај на дефект
  • Асистенција во случај на: погрешно наточено гориво, потреба за дополнување на гориво, замена на тркала и гуми, замена или полнење на акумулатор, отклучување на заклучено возило (механички, електронски)
  • Tранспорт/ шлепување на возило до најблискиот сервис или локацијата по избор на осигуреникот
  • Oрганизација и употреба на заменско возило
  • Хотелско сместување за возачот и другите патници во возилото
  • Продолжување на патувањето со алтернативен превоз
  • Бесплатна и неограничена употреба на иновативната апликација Drive Angel

Drive Angel мобилна апликација

  • Апликацијата Drive Angel го следи Вашето патување и во случај на потреба испраќа сигнал до ORYX контакт центарот за помош
  • Единствена апликација за користење помош на пат и останати асистенции
  • Во случај на дефект на возилото, клиентот со еден клик може да повика помош на пат и безгрижно да го продолжи своето патување
  • Доколку корисникот вози предолго без пауза за одмор, доколку вози пребрзо или доколку има бучава поголема од нормалната во возилото, апликацијата Drive Angel го предупредува корисникот со цел да се спречи потенцијална незгода
  • Можност за споделување и следење на возењето преку Viber, WhatsApp, Facebook, SMS, Email

Кога и како можат да се користат услугите?

Во случај возилото да не е подвижно или не може безбедно да се управува со истото, потребно е да се јавите во Контакт Центарот на бесплатниот број 0800 22 202 за повици од Македонија или на бројот +389 2 3204 032 за повици од во странство. Броевите се достапни 24 часа, 365 дена во годината.

Повеќе информации за Roadside Assistance можете да најдете овде.

За услугата Roadside Assistance - помош на пат, соодветно се применуваат и важат одредбите од Општите Услови кои се достапни на следниот линк.

За апликацијата Drive Angel соодветно се применуваат и важат одредбите од Општите Услови кои се достапни на следниот линк.