Роаминг совети пред патување
Доколку сакате да користите роаминг услуги во странство, најдобро е да се подготвите пред да патувате.
Ви препорачуваме да ги проверите подесувањата на мобилниот уред, како и да активирате дополнителни пакети за повици, ЅМЅ пораки како и мобилен интернет во роаминг.
Сите активации и деактивации на дополнителни пакети и услуги, наједноставно можете да ги направите преку мобилната апликација Мојот А1.
Доколку немате профил на Мојот А1, можете да регистрирате/креирате профил овде или пак погледнете го нашиот видео туторијал на YouTube каналот на А1 Мојот А1 - Инсталација на мобилната апликација и креирање профил.
Што да направите пред патувањето?
Проверете дали имате активна забрана за роаминг
Најпрво проверете дали имате активна забрана за користење интернет во роаминг или имате забрана за целосен роаминг (интернет, повици и SMS пораки). Проверката можете да ја направите со повик во Контакт центар на бројот 077 1234 или преку апликацијата Мојот А1, на следниот начин:
- логирајте се на апликацијата Мојот А1
- во долното мени одберете „Пакети“
- потоа, во делот „Активни услуги“ проверете дали опциите „Забрана за интернет во роаминг“ и “Забрана за целосен роаминг„ се веќе селектирани (√).
Доколку имате активна забрана, овие опции (едната или двете) ќе Ви бидат селектирани (√) и истите потребно е да ги деактивирате, односно да ги отселектирате, со што користењето роаминг ќе Ви биде овозможено.
Важно: Откако ќе направите деактивација на забраните за роаминг, задолжително најпрво вклучете ја, а потоа исклучете ја опцијата „Airplane Mode“ на Вашиот мобилен телефон, или пак, направете Restart на телефонот доколку го знаете Пин-кодот на Вашата SIM картичката.
Исто така, деактивација на забраната за роаминг можете да направите и преку:
- испраќање SMS порака на бројот 140050 со текст START INTERNET, за овозможување интернет во роаминг
- испраќање SMS порака на бројот 140353 со текст START ROAMING, за овозможување целосни роаминг услуги (интернет, повици и SMS пораки)
- повик во Контакт центарот на бројот 1234.
Активирање забрана за роаминг
Доколку сакате да активирате “Забрана за целосен роаминг” или само “Забрана за интернет во роаминг”, тоа можете да го направите на следите начини:
- Логирајте се на Мојот А1.
- Од долното мени, притиснете на копчето “Пакети“.
- Во делот „Останати услуги“ селектирајте (√) ги опциите „Забрана за интернет во роаминг“ и/или “Забрана за целосен роаминг.
Исто така, активација на забраната за роаминг можете да направите и преку:
- испраќање SMS порака на бројот 140050 со текст STOP INTERNET, за оневозможување интернет во роаминг
- испраќање SMS порака на бројот 140353 со текст STOP ROAMING, за оневозможување целосен роаминг
- со повик во Контакт центарот на бројот 1234. Услугата се наплаќа 90 денари.
Проверете дали имате активни дополнителни пакети во роаминг?
Проверете дали Вашиот тарифен модел содржи роаминг услуги или веќе имате активирано роаминг пакет. Тоа наједноставно можете да го направите преку Мојот А1.
- Логирајте се на Мојот А1.
- Скролајте надолу и притиснете го копчето “повеќе“.
- Во делот Активни услуги, проверете дали имате вклучено роаминг услуга или веќе имате активирано роаминг пакет.
Активирајте дополнителни пакети за роаминг
Откако сте провериле дека немате активна забрана за интернет во роаминг или целосен роаминг (погледнете погоре), активирајте дополнителен роаминг пакет преку Мојот А1 на следниот начин:
- Логирајте се на Мојот А1.
- Од долното мени, притиснете на копчето “Пакети“.
- Скролајте надолу и во менито “Достапни Роаминг услуги“ притиснете на копчето “повеќе“.
- Со притискање на белото квадратче, ќе го активирате дополнителниот пакет.
- Проверете за кои оператори важи активираниот пакет и рачно одберете го тој оператор кога ќе бидете во роаминг. Листата на оператори можете да ја погледнете овде.
За да избегнете несакани трошоци во роаминг, Ви препорачуваме да активирате дополнителен роаминг пакет уште пред да ја напуштите Македонија, или доколку активирате во странство бидете поврзани на интернет преку WiFi мрежа и најавете се во Мојот А1 со „Корисничко име“ или преку „Најава со број“.
Подесување на мобилниот уред
За да можете да користите роаминг услуги во странство, потребно е да направите подесувања на Вашиот мобилен уред.
- Отворете го менито "Settings" и пребарајте "Mobile networks".
- Подесете го пребарувањето на мобилната мрежа од “Автоматски“ во “Рачно“.
- Пребарајте "Data Roaming"
- Подесете во менито "International Roaming" да биде вклучен секогаш.
Активација на дополнителни роаминг пакети и подесување на мобилните уреди во роаминг
Погледнете го видеото и искористете ги практичните совети за подесување на Вашиот мобилен уред пред да патувате во странство.
На А1 YouTube каналот на A1 Guru ќе можете да ги погледнете видео туторијалите кои ќе Ви дадат детални информации во врска со сите наши услуги и производи.