Служби за итни повици
A1 на претплатниците им овозможува постојан и бесплатен пристап до линијата за итни повици 112 како единствен повикувачки број кој важи на целата територија на Европска Унија. Наместо досегашните 192, 193, 194 и 195, односно полиција, брза помош, противпожарна единица или Центарот за управување со кризи, со едноставно вртење на 112 можете да ја добиете која било услуга, односно доколку имате каков било итен случај и потреба од државата. Географската покриеност на A1 е за ниво од -100 dBm, односно најмалото ниво при кое сè уште може да се реализира повик.
Нивото на деталност за одредување на локацијата на повикувачот во урбаните средини изнесува не повеќе од 1 км, додека пак во руралните средини, не повеќе од 35 км.