VoLTE (Voice over LTE) сервис
VoLTE (Voice over LTE) сервисот претставува пренесување на говорните услуги преку 4G мрежа. До сега 4G/LTE се користеше само за податочни услуги, додека пак говорните услуги се овозможени преку 2G и 3G технологии. Со VoLTE, говорот останува на истата технологија и притоа во тек на повик, брзините на интернет нема да се променат.
Со активација на VoLTE сервисот добивате:
- поквалитетен звук и чистина на гласот во рамки на повиците;
- скратено време за воспоставување на повик;
- при повици мобилниот интернет останува на 4G LTE и не паѓа на 3G;
- заштеда на батерија.
Како да активирате
VoLTE сервисот се активира рачно, директно преку Вашиот уред. Прикажана е патека за активација за секој од производителите кои го овозможуваат овој сервис:
Xiaomi уреди
Влезете во делот Settings > SIM cards & mobile networks > SIM Card Settings > активирајте Use VoLTE.
Samsung уреди
Влезете во делот Settings > Connections > Mobile Networks > активирајте VoLTE calls.
Huawei уреди
Влезете во делот Settings > Mobile Network > Mobile data > активирајте VoLTE calls.
ZTE и Alpha уреди
Влезете во делот Settings > Network & Internet > Mobile Network > Advanced > активирајте Enable VOLTE call.
Сервисот може да го активираат сите постпејд мобилни корисници на A1 кои имаат VoLTE овозможени уреди за мрежата на А1 Македонија.
За да бидат овозможени потребно е уредите да бидат со VoLTE карактеристики и да имаат потребен софтвер. VoLTE карактеристиката за секој уред е декларирана од производителот, додека пак софтверот за секој уред посебно се развива од страна на производителот и штом ќе биде достапен ќе треба корисниците да го симнат и да го надградат уредот.
За повеќе информации, прочитајте Најчесто поставувани прашања или јавете се во Контакт Центар на 077 1234.