Амбициите на А1 Телеком Австрија Групацијата за дигитална
писменост:
Социјална амбиција до 2030 година е да се достигнат вкупно 500.000 луѓе во сите оперативни земји на А1 Групацијата преку иницијативи за дигитално образование - особено фокусирани на деца и млади.
Превземи брошура (.pdf)A1 Academy е едукативна програма иницирана и спроведена од А1 Македонија во рамките на проектите на компанијата за општествена одговорност и одржливо работење, обединета под мотото За подобар свет.
А1 Academy е креирана за млади што сакаат да стекнат нови знаења и дигитални вештини неопходни за успешно управување со нивната кариера. Програмата вклучува целосен пакет курсеви за дигитални вештини, поделени во три модули и потребни за разбирање и управување со комплексни дигитални области.
прочитај повеќеИнтернетот не e само игра...
Кликај безбедно!
Со реализација на едукативна и иновативна програма, под името „Интернетот не e само игра. Кликај безбедно!", наменета за најмладите, нашите вработени, преку интерактивни и интересни предавања, приспособени за возраста и на образовната програма, ги запознаваат учениците од IV одделение и го збогатуваат нивното знаење за интернетот, како безбедно да бидат дел од светската мрежа, а притоа како да ги заштитат своите лични податоци.
Програмата се реализира во соработка со Министерство за образование и наука, а со одобрение на Бирото за развој на образованието. Во првиот бран на активности, во период од февруари до јуни, 2018 година, беа опфатени над 700 четвртоодделенци, од 10 основни училишта на територијата на град Скопје, а во учебната 2018/2019 година беа опфатени повеќе од 1200 четвртоодделенци, од 20 општини на нашата држава. Во почетокот на 2020 година во просториите на компанијата беа одржани 2 предавања на кои присуствуваа најмалите членови на А1 семејството, четвртоодделенци, со своите одделенија.
Во учебната 2021/2022 година обуката за безбедност на интернет ја поминаа 850 деца од 9 основни училишта на територијата на град Скопје. Во учебната 2023/204 беа одржани работилници во 8 училишта во Македонија, или вкупно 770 деца.
Проектот “Интернетот не е само игра...Кликај Безбедно!” е дел од иницијативата “Интернет за сите” на Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2018 година како и дел од ESG програмата под мотото “А1 За подобар свет”.
Во рамките на проектот, предавањата досега ги проследиле повеќе од 4500 четвртоодделенци, од 13 градови во земјава, а активно се вклучени наставници, директори, педагози и психолози од училиштата.
Едукативната програма „Интернетот не е само игра...Кликај безбедно“ е добитник на признанието во категоријата “Однос кон заедницата”, што го доделува Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија.