Да го направиме интернетот
поубаво место за сите

Денес, поврзаноста претставува темел за сите аспекти од секојдневнието – од професионалните обврски и образованието, до споделувањето на драгоцените моменти со најблиските. Во Групацијата А1, сметаме дека во ерата кога мрежната поврзаност е суштински фактор за напредок, нашата одговорност како провајдер на телекомуникациски услуги не се ограничува само на овозможување на мрежна поврзаност. Ние се стремиме да обезбедиме најбрза и најбезбедна мрежа, како и да бидеме сигурни дека интернет просторот ќе продолжи да биде безбеден и инспиративен за сите. Оваа посветеност и напор ни дава конкурентска предност. Придружете ни се во остварувањето на оваа визија.

5 секунди прават разлика!

Потребни се 5 секунди за да одлучите дали со некој несоодветен коментар ќе навредите друго лице. Без разлика на тоа дали се работи за приватна фотографија што завршила во погрешни раце или за е-порака за фишинг што предизвикала штета. Накратко: Издвојте 5 секунди за интернетот да биде побезбедно, подобро место.

Прочитајте повеќе

Седум држави, една цел

Групацијата А1 е посветена на едукација за одговорно користење на технологијата. Дознајте повеќе за едукативните платформи во земјите каде што е присутна А1 Групацијата.

ESG

А1 Македонија е стратешки посветена на имплементација на иновативни практики во областа на ESG, со цел да оствари долгорочен придонес кон одржливиот развој и да создаде значајна вредност во нашата заедница. Во насока на исполнување на иницијативата „План за климатска транзиција“, нашата цел е намалување на јаглерод диоксид со намалување на емисијата на штетни гасови во сите сегменти на нашето работење и искористување енергија од обновливи извори. Нашата корпоративна ДНК е обликувана од вредности што промовираат иновации и одговорност.

Заштита на животната средина

Како дел од Групацијата А1, се стремиме кон остварување амбициозни цели за декарбонизација, зголемување на енергетската ефикасност на нашите операции и воведување напредни практики за циркуларна економија, со надеж да оставиме чиста и здрава планета за идните генерации.

Одговорност кон општеството

Посветени сме на едукација за одговорно користење на технологијата, развој на дигитални вештини и безбедно користење на интернет. Активно промовираме еднаквост и хуманост, верувајќи дека сите имаме улога во создавањето општество што се заснова на разбирање и поддршка.

Корпоративно управување

Ги почитуваме највисоките стандарди за заштита на податоците и на човековите права, што ни овозможува да стекнеме доверба кај нашите корисници и да имаме одговорна соработка со нашите партнери на сите нивоа. Нашето работење е обележано со посветеност кон транспарентност и интегритет, што нè инспирира да создадеме позитивна промена во општеството.