Корпоративно управување
Амбициите на А1 Телеком Австрија Групацијата за корпоративно управување:
- Да го зголемиме женскиот удел на раководни позиции на 40% ширум групата до 2023 година, притоа задржувајќи го или надминувајќи го нашиот вкупен женски удел од 40% во целата групација
- Да се одржи системот за управување со усогласеност во најдобрата практика и надворешно сертифициран за да се заштити интегритетот и доверливоста на Групацијата А1 Телеком Австрија.
УСОГЛАСЕНОСТ
Работната етика нè прави силни и одржливи. Искреноста и чесноста втемелени во секоја од активностите кои ги преземаме, не водат сите нас кон заедничка цел. Во поплочувањето на патот кон нашиот одржлив успех, неопходно е да запомниме дека не е важно само ДА ГИ ПОСТИГНЕМЕ нашите бизнис цели, туку е подеднакво важно КАКО да ги постигнеме истите. Дејствуваме со интегритет во нашите бизнис и меѓусебни односи. Со други зборови, делуваме чесно, фер и транспарентно. За да продолжиме да промовираме корпоративна култура со силен фокус кон етиката и интегритетот, ги креиравме начелата на Усогласеност.
Code of Conduct TAG GuidlinesДИВЕРЗИТЕТ (РАЗНОЛИКОСТ)
Најважниот асет на компанијата се нашите вработени. Затоа, се стремиме да им понудиме работна средина во која секој еден вработен ќе биде свој. Работна средина каде секој ќе има еднакви можности а семејстото и кариерата не се контрадикторни. Со промовирање на диверзитет и еднаквост, компанијата презема важни мерки и негува култура во која сите се почитувани.
РОДОВА ЕДНАКВОСТ
Родовата еднаквост продолжува да биде важно прашање во нашето општество. Во групата А1 Телеком Австрија, ние не само што сакаме да привлечеме внимание на оваа тема, туку и активно да ја адресираме. Поради оваа причина, во Австрија е изработен план за напредок на жените со цел да се дефинираат мерки за подеднакви можности. Целта на овие мерки е да се промовираат можностите за професионален развој на жените и да се подобри компатибилноста на работниот и семејниот живот. Покрај тоа, создадена е и женска мрежа „жените имаат значење“. На оваа платформа, жените можат да разменуваат идеи и знаење и знаење и да се поддржуваат едни со други.
MAMFORCE
А1 Македонија во февруари 2017 година започна со имплементација на MAMFORCE методата, иновативна метода за проценка и бизнис сертификат кој ги обединува корпоративната одговорност кон семејството и родовата еднаквост. MAMFORCE методата опфаќа шест главни подрачја кои ги покриваат најважните политики и мерки, а се однесуваат на комуникација со колегите, организирање на работата, флексибилност, услуги за вработените како и развој на раководење и управување со таленти.
Во 2019 година во склоп на наградите за бизниси и поединци од Здружението на граѓани „КОНЕКТ“, компанијата го доби признанието за постигнати „Цели за одржлив развој 2019“ за проектот „MAMFORCE“. Со ова признание се потврди долгогодишниот придонес на А1 Македонија, но и посветеноста на сите вработени во постигнување на глобалните цели за одржлив развој, какви што се достапно и квалитетно образование за сите, родова рамноправност и грижа за животната средина.
прочитај повеќе
WOMEN IN DIGITAL
Во организација на A1 Македонија, на 8.3.2018 година се одржа првата конференција „Women in Digital“, чија главна тема беше Улогата и значењето на дигиталната технологија во развојот на општеството, како и нејзиниот придонес за еднакво учество на жените и мажите во сите општествени процеси, вклучувајќи го и бизнисот. На конференцијата присуствуваа повеќе од 150 учесници од различни општествени сегменти, меѓу кои и голем број успешни и влијателни претставници од бизнисот, од академската заедница, од граѓанскиот сектор, медиумите и институциите, а се запознаа со светските трендови во развојот и употребата на дигиталната технологија.
На 8.4.2021 година, во онлајн формат се одржа третата конференција „Women in Digital 2021“ во организација на А1 Македонија каде што бизнис-заедницата имаше можност да ги слушне сите новости и да дебатира за најновите трендови во развојот на вештачката интелигенција. Под заеднички наслов „Моделирајќи го светот со вештачката интелигенција“, истакнати професионалци го споделија своето знаење и искуство за потребата од вештачката интелигенција и нејзиниот развој, влијанието на вештачката интелигенција врз бизнисите и потребата од развој на нови вештини за работа.
прочитај повеќе