За донациите 

Се грижиме и сакаме да им помагаме на оние, на коишто тоа им е најпотребно, заедно со нашите вработени, како компанија започнавме многубројни хуманитарни настани, некои од нив и непознати за пошироката јавност. Овие активности, ни овозможуваат да им донесеме радост на најранливите и среќа на најмалите. Ние се грижиме за младите, за нашата животна средина и за благосостојбата на сите.
 

Информации за отворање на број за донации, во А1 Македонија

За сите оние, на коишто им треба помош и поддршка од хумани луѓе, А1 Македонија нуди можност за отворање на броеви за донации, преку коишто корисниците на услугите на А1, ќе можат да ја покажат својата хумана страна, со едноставна донација преку нивните мобилни телефони. На овој начин, А1 Македонија ја поттикнува хуманоста кај луѓето, првенствено, со цел да им помогне на лицата, на коишто им е потребен оперативен зафат или лекување. Донацијата се врши преку телефонски повик, од страна на корисниците на А1, при што со секој повик се донираат 100 денари.
За отворање на број за донации за физички лица, потребни се следните документи:

  • пополнето писмено барање
  • VSD документ за физички лица
  • Договор за доделување на специјална линија за донации
  • Медицинска документација (потврда за медицинска дијагноза, издадена од овластена установа; писмо од медицинската установа за закажана операција/лекување/рехабилитација; про-фактура за лекување/операција/рехабилитација или друг документ од медицинската установа во кој ќе биде наведена цената на соодветната интервенција; останата документација со која се утврдува медицинската состојба на лицето и препораката за лекување)
  • Доколку е поднесено барање и се одобрени средства за лекување од ФЗО, да се приложи поднесеното барање, одлуката на ФЗО или друг соодветен документ со кој се докажува одобрениот износ за лекување кој ќе биде на товар на ФЗО
  • Потпишан образец на Договор за доделување на специјална линија за донации во 2 (два) примерока (даден во Прилог 3 на оваа Процедура)
  • Доколку бројот е наменет за малолетно лице, потребно е да се достави копија од Извод од матичната книга на родените поради потврдување на точноста на податоците.
  • Доколку бројот е наменет за лице со целосно или делумно одземена деловна способност, да се достави копија од одлука на надлежен суд/орган за назначување на негов старател
  • Доколку бројот е наменет за лица со деловна способност, но во моментална тешка или сериозно нарушена здравствена состојба, да се достави копија од извод од соодветна матична книга за утврдување родининска поврзаност до трет степен помеѓу подносителот на барањето и корисникот на донацијата.

Целокупната документација потребно е да се достави:

  • Во управната зграда на А1 Македонија на адреса: „Плоштад Пресвета Богородица” бр. 1, 1000 Скопје, директно на овластено лице од Корпоративни комуникации. Подносителот се идентификува со важечки документ за лична идентификација (лична карта или пасош на увид), или
  • До овластено лице од Корпоративни комуникации по електронски пат на Corporate.Communications@a1.mk (само за Подносители чие живеалиште е надвор од Скопје).

Доколку комплетираните документи се праќаат на маил, потребно е да бидат во PDF формат.

Важни забелешки за барателите:

  • По доставувањето на комплетната потребна документација, овластено лице од А1 Македонија ќе Ве извести дали Вашата молба е прифатена.
  • врз основа на прифатената молба, А1 Македонија ќе назначи и технички ќе одржува посебна линија за донации. На бројот за донации, преку повик што ќе чини 100 денари, можат да донираат само корисниците на А1, а корисниците на другите мобилни оператори и фиксни мрежи, нема да можат да се јават или да донираат на овие броеви.
  • исплаќањето на собраните средства од корисниците на А1 се врши врз основа на потпишан Договор за донација.
  • личните податоци на барателот се користат исклучиво за оваа цел. Заштитата на личните податоци е гарантирана, во согласност со законските прописи.
  • А1 Македонија ќе го објави доделениот број за донации на веб-страницата на А1 Македонија. Барателот е лично и финансиски одговорен за сите други канали на јавна комуникација.

За отворање на број за донации за правни лица, потребни се следните документи:

  • пополнето писмено барање
  • VSD документ за правни лица
  • Опис на проектот, за којшто е наменета специјалната линија за донации
  • Опис на правното лице, негова дејност, остварени проекти и работни планови
  • Тековна состојба од Централниот регистар, не постара од 3 (три) месеци
  • друга документација, со којашто се потврдува релевантноста на проектот.

Важни забелешки за барателите:

  • општествено - одговорните организации (оние, чии активности вклучуваат иницијативи за помош на ранливите социјални групи), имаат приоритет при отворањето број за донации.
  • техничките можности на броевите за донации се ограничени, а максималното времетраење на броевите за донации за правни лица е една година. По доставувањето на комплетната потребна документација, овластено лице од А1 Македонија ќе Ве извести, дали Вашата молба е прифатена.
  • врз основа на прифатената молба, А1 Македонија ќе назначи и технички ќе одржува посебна линија за донации. На бројот за донации, преку повик што ќе чини 100 денари, можат да донираат само корисниците на А1, а корисниците на другите мобилни оператори и фиксни мрежи, нема да можат да се јават или да донираат на овие броеви.
  • исплаќањето на собраните средства од корисниците на А1 се врши врз основа на потпишан Договор за донација.
  • целосната сума, собрана од корисниците на А1, му се исплаќа на барателот на донацијата од страна на А1 Македонија. личните податоци на барателот се користат исклучиво за оваа цел. Заштитата на личните податоци е гарантирана, во согласност со законските прописи.
  • А1 Македонија ќе го објави доделениот број за донации на веб-страницата на А1 Македонија. Барателот е лично и финансиски одговорен за сите други канали на јавна комуникација.
  • Напомена: Барателите самостојно одлучуваат дали ќе се лекуваат во државна здравствена установа или во приватна здравствена установа.

Активни броеви за донација

За лекување на Број за донација Активен до
“Ротари клуб“ - Куманово 143 133 18.08.2025
Здружение “Љубезност“ 143 505 04.04.2025
Здружение “Конект“ 143 333 14.04.2025
ЦРВЕН КРСТ 143 400 31.12.2025
Фондација ИКРАУД Скопје 143 999 27.07.2025
Здружение “Донирај компјутер“ - Кавадарци 143 123 13.09.2025
Стефан ЈАкимовски 143 666 05.08.2025
Љупчо Нешков 143 502 12.09.2025
Бела Кузев 143 777 12.03.2025
Петар Попоски 143 470 11.08.2025
Роберт Раденковиќ 143 600 05.08.2025
Михаил Тасевски 143 700 06.09.2025
Драганчо Талевски 143 475 28.02.2025
Џенете Рамуш 143 460 19.08.2025
Никола Петрески 143 464 17.07.2025
Андреј Сибиновски 143 465 10.06.2025
Петар Попоски 143 470 11.08.2025
Анита Ташкова 143 483 29.07.2025
Стефан Ивановиќ 143 485 15.05.2025
Елена Цветкова 143 486 13.04.2025
Жаклина Јовановска 143 401 13.06.2025
Јован Блажевски 143 471 23.05.2025
Александра Митровска 143 468 18.05.2025
Мaрина Гулеска 143 469 18.06.2025
Андреј Сибиновски 143 465 10.06.2025
Благица Милева 143 488 13.06.2025
Аслан Османи 143 550 03.05.2025
Ивица Срезоски 143 487 22.05.2025
Јовица Блажевски 143 461 12.06.2025
Симона Темелкова-Кабранова 143 489 01.05.2025
Алексеј Анастасовски 143 476 28.04.2025
Јована Станковска 143 481 09.04.2025