А1 Менаџмент
Методија Мирчев
главен извршен директор
Методија Мирчев ја започна својата кариера во FMCG индустријата во Полска извршувајќи раководни позиции во неколку меѓународни компании. Пред да премине во телеком индустријата, тој имаше извршна позиција во Лореал Полска.
Во 2005 година е именуван за раководител за продажба во Космофон, а две години подоцна станува главен комерцијален директор.
Горан Анѓелески
главен директор за финансии
Горан Анѓелески својата успешна кариера ја започна во Македонски телеком во 2006 година. Една година подоцна стана дел од тимот на А1 Македонија, односно тогашниот Вип оператор. Тој брзо ја гради својата кариера во компанијата преку повеќе менаџерски позиции во финансискиот сектор, но и како член на клучниот тим за аквизиција и интеграција на третиот мобилен оператор и повеќе кабелски оператори на македонскиот пазар, како и имплементација на процесите по аквизицијата.
Дејан Зенделов
директор на мрежа во А1 Македонија
Дејан Зенделов има 20-годишно искуство во телекомуникациската индустрија, особено во делот на операции и одржување мрежа. Работел на спојувањето на двата мобилни оператори како и на спојувањето на мобилните и фиксни домени. Во компанијата има извршувано повеќе функции како раководител на мрежни операции, менаџер за управување со услуги и менаџер за операции на платформи. Во април 2024 година ја презема на позицијата директор на мрежа во А1 Македонија.
Младен Ѓорѓиоски
директор за ИТ и сервиси на А1 Македонија
Младен има 17-годишно искуство во телекомуникациската индустрија, негова специјалност се ИТ-системите за бизнис-поддршка. Значителен придонес има во консолидацијата на двата мобилни оператора и фиксните оператори во еден конвергентен телекомуникациски оператор. Во 2019-та ја презема позицијата на главен инженер за управување со сервиси и ресурси, а во 2021-та доаѓа на позицијата менаџер за CRM...
Елена Панова
директорка за маркетинг и дигитална трансформација на А1 Македонија
Елена е дипломиран економист, дипломиран професор по англиски јазик и книжевност и магистер на менаџмент на човечки ресурси. Кариерата ја започнува во ПроКредит банка каде што работи на повеќе различни позиции, вклучувајќи и раководна, потоа во Вип како дел од секторот Продукт маркетинг. Кариерниот пат во Вип го продолжува како менаџер за резидентни корисници, маркетинг директор...
Стевчо Ристески
директор на бизнис и ИКТ-продажба на А1 Македонија
Стевчо своето богато работно искуство во телекомуникации, ИКТ и продажба го стекнува низ годините работејќи во Македонски телеком на раководни позиции како директор за бизнис-продажба и директор за маркетинг и бизнис-продажба. Станува дел од тимот на А1 Македонија во 2019 година на позицијата директор на B2B маркетинг и продажба, а подоцна директор на B2B и ИКТ-продажба.
Борче Ѓорѓески
директор за кориснички услуги на А1 Македонија
Борче дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во 2007 година. Својата кариера ја почнува во телекомуникациската компанија Космофон во 2009 година како агент во Контакт центарот. Неговиот напредок е импресивен – веќе во 2010 година станува одговорен за тимот во Контакт центарот, а во февруари 2014 година станува раководител на Контакт центарот за корисници во One.
Стефан Јовановски
директор за човечки ресурси и култура на А1 Македонија
Стефан својата кариера ја започнува во 1998 година, а веќе во 2002 година станува дел од телекомуникациската компанија Космофон, и тоа на неколку раководни позиции: менаџер на одделот за Надоместоци и бенефиции, Човечки ресурси и правни работи, Администрација, а од 2015 година е раководител на одделот за човечки ресурси. Во 2023-та застана на чело на компанијата Leanworks, која е дел од Групацијата А1 Телеком Австрија, како управен директор.