Животна Средина
Амбициите на А1 Телеком Австрија Групацијата за Животна средина:
- Климатските цели за животна средина до 2030 година се достигнување на нето неутралност на јаглерод диоксид со намалување на емисијата на штетни гасови и постепено префрлување на енергија од обновливи извори
- Долгорочна цел за зголемена енергетската ефикасност за 80% во споредба со 2019 година и
- Рециклирање на повеќе од 50.000 стари уреди годишно.
![Намалена CO2 емисија](https://www.a1.mk/documents/20126/1877951/namalena-emisija.png)
НАМАЛЕНА ЦО2 ЕМИСИЈА
Наши цели во оваа област се достигнување на нето неутралност на јаглерод диоксид со намалување на емисијата на штетни гасови во сите сегменти на нашето работење.
Направена е оптимизација на предаватели за DVB-Т сигнал со кој е остварено намалување на CO2 емисија за 30% генериран од системот. Исто така, интегрираме интелигентни решенија за ладење на сите локации во радио и фиксна технологија со што се намалува CO2 емисија за 25% од емисијата генерирана од системот за ладење на целиот систем.
![Енергетса ефикасност](https://www.a1.mk/documents/20126/1877951/energetska-efikasnost.png)
ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ
Подобрување на ефикасноста на нашата мрежа преку постепено префрлување на енергија од обновливи извори се наша групациска заложба. Работиме на адаптација и имплементација на хибридни модели на напојување на нашите базни станици, како и на реконфигурација на базни станици.
А1 Македонија има долгорочна цел за зголемување на енергетската ефикасност и нула емисија на гасови до 2030 година.
![Циркуларна економија](https://www.a1.mk/documents/20126/1877951/cirkularna-ekonomija.png)
ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА
Придаваме големо значење на основните еколошки принципи, какви што се избегнување на генерирање отпад и зачувување на ресурсите, како и чување вредни суровини во циклусот што е можно подолго (Намали – Искористи повторно - Рециклирај).
Се обидуваме да осигуриме дека ресурсите што веќе се користат, можат да се користат што е можно подолго – без физичка или хемиска трансформација.
![Политика за заштита на животната средина](https://www.a1.mk/documents/20126/1877951/politika-za-zastita.png)
ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА A1 МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ
Компанијата А1 Македонија е посветена на интегрирање, на одговорно управување со животната средина, преку своите деловни активности и има за цел, да имплементира и да одржува, соодветни системи за управување со животната средина.
прочитај повеќе
![Политика за заштита на животната средина](https://www.a1.mk/documents/20126/1877951/A1_Green_Call_Gb_Post_1200x630px.jpg/)
A1 Green Call
Како компанија што во својата стратегија го инкорпорира дејствувањето за зачувување на животната средина во рамките на групациската програма ESG, ја воведовме A1 Green Call – најновата платформа за рециклирање и понатамошна реупотреба на стари електронски уреди: стари мобилни телефони, лаптопи и таблети.
A1 Green Call e проект реализиран во соработка со „Нула Отпад“, лиценцирана компанија за управување со отпад. Секој уред ќе биде соодветно селектиран, складиран и рециклиран според најнови и најбезбедни методи за справување со е-отпад.
прочитај повеќе