Апликации
Pantheon Cloud - Решение за ефикасни бизнис процеси
Pantheon Cloud е современо софтверско решение базирано на Cloud кое ги покрива деловните процеси во Вашата компанија: управување со производство, деловна аналитика, нарачки, фактурирање, сметководство, плати и слично. Наменет е за сите компании од која било дејност. Погоден и за сметководствените бироа и нивните клиенти. Со Pantheon Cloud компаниите заштедуваат време и може да ги намалат своите трошоци.
Pantheon Cloud решението преку A1 ги складира Вашите податоци на безбедни сервери во дата центарот на A1 и им овозможува на Вашите надворешни соработници (на пример надворешно книговодство) со Ваша дозвола да пристапат до Вашите податоци. На овој начин, работата помеѓу Вас и Вашиот сметководител е едноставна и ефикасна.
Pantheon Cloud решението преку A1 е особено погодно за мали и средни бизниси и сметководствени бироа, бидејќи корисниците ја плаќаат услугата онолку колку што користат, едноставно преку додавање или откажување на пакетот по потреба.
За кого е наменет Pantheon Cloud
Pantheon Cloud за мали и средни бизниси
Соодветно решение за мали и средни компаниии кои имаат екстерно сметководство. Наменет за комерцијални и сервисни компании.
Основни функционалности на Pantheon Cloud за мали и средни бизниси:
- Складишта, залиха, царина
- Едноставно производство
- Издавање и прием на фактури
- Пренос помеѓу складишта
- Работни налози и фактурирање на услуги
- Основни финансиски операции
- Внес и следење на патни налози
- Комплетна кадровска евиденција
Pantheon трговија
Решение наменето за трговија на мало и големо, кое во целост ги покрива деловните процеси во различни трговски компании, без оглед дали се мали или големи.
Pantheon за големи компании
Ова решение е наменето за оние компаниии кои сакаат да се интегрираат и длабоко да управуваат со сите области во компанијата. Наменет е за менаџери и сопственици, како моќна алатка за анализа на процесите во компанијата.
Pantheon сметководство
Решение наменето за сметководствени бироа.
Пресметка на ДДВ, платен список, испраќање извештаи до државни институции, биланси и патни налози, автоматско книжење, автоматска пресметка на курсни разлики и камати, регистар на основни средства и автоматско пресметување на амортизација, материјално работење, пристап на сметководствените бироа до иста база со своите клиенти.
Pantheon за јавни институции
Решение прилагодено на потребите на јавните институции.
- Едноставен контен план
- Биланс за одредени корисници
- Биланс за останати корисници
- Вкупен биланс
- Евиденциско книжење
Pantheon производство
Решение за подобрување на сите производствени процеси, од планирање до производство и зголемување на ефикасноста на компанијата.
- Производство - нормативи со алтернативи
- Бизнис интелегенција - анализи, извештаи, планирање
- Пресметка на плати
- Комплетна кадровска евиденција
- Сметководство
- Електронско работење
Опис и содржина на Апликативното решение
Табела на функционалности во однос на верзиите на Апликативното решение:
Pantheon RT | Pantheon LX | Pantheon LT | Pantheon RE | Pantheon SE | Pantheon GE | Pantheon ME | Pantheon MF | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Благајна | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ |
Нарачки на купувачи и добавувачи | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | |
Електронско и интернет работење | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | |
Издавање и прием на сметки | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ |
Патни налози | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ||
Залихи и складишта | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | |
Основна кадровска евиденција – персонална мапа | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ||
Пресметка на ДДВ | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ||
Работа со странство | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ||
Царински складишта | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | |||
Акцизни складишта | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | |||
Сметководство | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ||||
Основни средства | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ||||
Сервис | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ||||
Пресметка на плата | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ||||
Комплетна кадровска евиденција | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ||||
Основно производство | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ||||
Бизнис интелигенција – предефинирани контролни табели | ✔ | ✔ | ✔ | ✔ | ||||
Бизнис интелигенција – контролни табели по потреба | ✔ | ✔ | ✔ | |||||
Бизнис интелигенција – анализи, извештаи, планирање | ✔ | ✔ | ✔ | |||||
Производство – планирање | ✔ | |||||||
Производство – терминирање | ✔ | |||||||
Производство – напредни работни налози | ✔ | |||||||
Производство – спецификации со алтернативи | ✔ |
Цени за хостирани лиценци
Систем | Лиценца | Наем на лиценци PA Host | Простор |
---|---|---|---|
Цените се без ддв (18%) | |||
LX | 429 ден./мес. | 500 MB | |
LT | 739 ден./мес. | 500 MB | |
LT3 | 1.649 ден./мес. | 750 MB | |
SE | 1.849 ден./мес. | 500 MB | |
ME | 2.159 ден./мес. | 500 MB | |
ME | 2.159 ден./мес. | 500 MB | |
RE | 1.299 ден./мес. | 500 MB | |
RT | 799 ден./мес. | 250 MB | |
MF | 3.269 ден./мес. | 1000 MB | |
MT | 1.049 ден./мес. | 250 MB | |
GE | 1.849 ден./мес. | 500 MB | |
Конектор | 289 ден./мес. | - |
Дополнителни информации:
- Корисникот може да купи само една LX лиценца (само еден истовремен корисник/вработен кај корисникот).
- Корисникот може да купи само една LT лиценца (само еден истовремен корисник/вработен кај корисникот) или една LT3 лиценца (мрежна лиценца за 1-3 истовремени корисници/вработени кај корисникот).
Самостојни лиценци
- LX, LT, RE, SE, GE, ME, MF и FA се самостојни лиценци.
- RT и MT се лиценци со ограничени функционалности.
Комбинација на лиценци
-
FA лиценците може да се комбинираат со SE, ME или MF лиценците.
-
RE лиценците може да се комбинираат со SE, МЕ или MF лиценци.
-
RT лиценците може да се комбинраат со RE, SE, ME или MF лиценци.
-
MT лиценците може да се комбинараат со MF лиценците.
-
SE, ME и MF лиценците неможе меѓусебно да се комбинираат.
-
Комбинација на LX и LT лиценци не е возможна.
Во случај кога се работи за давање решенија што не се хостираат преку дата центарот на A1 туку се инсталирани директно на локалниот компјутер на корисникот (Pantheon солуција), истите се нудат со еднократен надомест и тоа во следниот износ (продажна цена):
Тип на лиценца | Продажна цена | Цена со ДДВ (5%) |
---|---|---|
Pantheon LX пакет | 7.427 ден. | 7.798,35 ден. |
Pantheon LТ - за поединечен корисник | 17.180 ден. | 18.039 ден. |
Pantheon LТ3 - мрежна употреба (до 3 корисници) | 34.434 ден. | 36.155,7 ден. |
Pantheon SE | 56.940 ден. | 59.787 ден. |
Pantheon ME | 67.443 ден. | 70.815,15 ден. |
Pantheon RE | 37.435 ден. | 39.306,75 ден. |
Pantheon RT | 19.430 ден. | 20.401,5 ден |
Pantheon MF | 104.953 ден. | 110.200,65 ден. |
Pantheon MT | 28.433 ден. | 29.854,65 ден. |
Pantheon GE | 56.940 ден. | 59.787 ден. |
Pantheon Конектор | 9.416 ден. | 9.886,8 ден. |
Дополнителни услуги на Pantheon Cloud
Ценовник на дополнителни услуги:
Дополнителен дисковен простор/количина | Месечен надомест / 1GB | Месечен надомест / 1GB со вклучен ДДВ(18%) |
---|---|---|
Дополнителен дисковен простор 1GB-9GB | 149 ден. | 176 ден. |
Дополнителен дисковен простор 10GB-24GB | 109 ден. | 129 ден. |
Дополнителен дисковен простор - 25GB | 79 ден. | 93 ден. |
Професионална помош | Еднократен надомест | Еднократен надомест со ДДВ (18%) |
---|---|---|
Основен тренинг PANTHEON LX/LT | 3.720 ден. | 4.390 ден. |
Напреден тренинг PANTHEON LX/LT | 7.440 ден. | 8.779 ден. |
Основен тренинг за сметководители (30ч) | 37.118 ден. | 43.799 ден. |
Back up на DVD | 1.542 ден. | 1.819 ден |
Професионална помош | Месечен надомест | Месечен надомест со ДДВ (18%) |
---|---|---|
Ad hoc SERVICE DESK услуги | 2.000 ден./час | 2.360 ден./час |
Service desk Основен (2ч) | 3.100 ден. | 3.658 ден. |
Service desk Стандард (5ч) | 7.550 ден. | 9.145 ден. |
Service desk Напреден (15ч) | 23.250 ден. | 27.435 ден. |
Service desk Напреден (15ч) | 23.250 ден. | 27.435 ден. |
A1 Автолокатор - Услуга за контрола и управување со возила
Со услугата A1 Автолокатор, GPS систем за следење на возила, Вие имате целосна контрола над Вашиот возен парк. Со оваа услуга, Вие во секој момент знаете што се случува со Вашите возила и имате постојан преглед на сите трошоци.
Услугата Ви овоможува:
- Следење во живо каде се Вашите возила во моментот и дали се во движење или во мирување
- Детален извештај и реконструкција на однесувањето на возачот и на возилото
- Безбедносен аларм – алармирачките сигнали може да пристигнат директно на Вашиот мобилен телефон преку SMS-порака или на Вашата е-mail адреса
- Информации за недозволено однесување – пречекорување брзина, прекршоци, напуштање претходно утврдени области итн.
- Дефинирање рута на движење за возилото
- Сензори за температура
- Мониторинг на потрошувачката на гориво
- Поврзување со таксиметар – следење во живо на сите возила и можност за комуникација со секој возач одделно
- Сензори за седиштата со регистрирање присуство и број на патници во возилото
- Експертски совети, препораки и советување
Со A1 Автолокатор ќе ја зајакнете контролата врз користењето на Вашите ресурси: ќе ја подобрите продуктивноста на возилата и работната дисциплина на вработените, ќе спречите неавторизирано користење на Вашите возила и ќе бидете обезбедени од кражба. Тоа секако ќе доведе до намалување на оперативните трошоци за гориво, сервис и осигурување.
Едноставно креирање и наплата на фактури
Envoice е иновативно ICT-решение за креирање и наплата на фактури. Envoice e веб-апликација на која корисниците ќе може да се најават со корисничко име и лозинка и на многу едноставен и кориснички пријателски настроен интерфејс да ги креираат фактурите за своите крајни корисници.
Ова решение е развиено од партнерот Emit Knowledge.
Со ова решение на корисникот му се обезбедува едноставност во креирањето на фактурите до своите крајни корисници, наменето е за мали и средни претпријатија кои немаат современи системи за креирање, евиденција и наплата на фактури и свои ЕРП-системи.
Envoice Essential | |
---|---|
|
299 ден./мес. |
Envoice Business | |
---|---|
|
399 ден./мес. |
Envoice Sell Online | |
---|---|
|
599 ден./мес. |
Изберете го пакетот што најмногу Ви одговара и олеснете си го работењето!
Креирајте Ваша веб-страница или онлајн продавница со само неколку кликови
Web Builder е ICT-услуга, која претставува веб базиран софтвер/апликација што ќе Ви овозможи на едноставен начин да креирате Ваша сопствена веб-страница или, пак, професионална онлајн продавница со предефиниран дизајн, респонзивна и SEO оптимизирана.
- Бесплатно хостирање на веб-страницата и целосно бесплатно одржување од нашиот партнер
- Респонзивен дизајн на сите уреди (мобилни телефони, таблети, лаптопи и компјутери
- Решение едноставно за користење. Можете да го изберете Вашиот сопствен веб-дизајн и функционалност, без потреба од познавање PHP, CSS и HTML кодови
- Голем избор на интересни и квалитетни темплејти за дизајн
- Голем број поединечни елементи (копчиња), опции на мени и фонтови
- Брзо објавување на страницата и лесно вчитување на содржината
- Интегрирани маркетинг алатки за статистика
Одлично решение за мали и за средни претпријатија, кои немаат своја веб-страница или веб-продавница, а сакаат да бидат присутни онлајн.
Web Builder S | Web Builder M | Web Builder L | Web Builder XL | |
---|---|---|---|---|
Функционалност | Веб-страница (една страница) | Веб-страница (една страница) + Е-продавница | Веб-страница (една страница) + Е-продавница | Веб-страница (една страница) + Е-продавница |
Веб-страница со предефиниран дизајн, респонзивна и (SEO) оптимизирана | ||||
Ажурирање на веб-страницата | 5 часа годишно | 5 часа годишно | ||
Доделен акаунт менаџер | ||||
Галерија со фотографии | до 50 фотографии | за секој производ од Е-продавницата | за секој производ од Е-продавницата | за секој производ од Е-продавницата |
Видео | ||||
Google мапа | 1 мапа | 1 мапа | 1 мапа | 1 мапа |
Pop-up со информација за заштита на лични податоци | ||||
Продукти во веб-продавница | 50 | 100 | неограничено | |
Број на категории | 2 | 5 | 1000 | неограничено |
Трансфер | неограничено | неограничено | неограничено | неограничено |
Е-плаќање | ||||
Купони за промоција | ||||
„Повик за акција“ копчиња | ||||
Календар | како опција за термин кај секој производ | како опција за термин кај секој производ | како опција за термин кај секој производ | како опција за термин кај секој производ |
Google Мој Бизнис | ||||
CRM за менаџирање контакти | интеграција со Mailchimp (2000 контакти) | интеграција со Mailchimp (2000 контакти) | интеграција со Mailchimp (2000 контакти) | |
Сопствен маркетинг преку е-пошта | интеграција со Mailchimp (2000 контакти) | интеграција со Mailchimp (2000 контакти) | интеграција со Mailchimp (2000 контакти) | |
Обука и техничка поддршка | ||||
Телефонска и e-мејл поддршка во работно време од 8 до 16 часот | ||||
Панел со клучни индикатори за перформансите | ||||
Дополнителен јазик | ||||
Бесплатна мобилна апликација за трговецот | ||||
Конфигурабилни копчиња „купи“ | ||||
Поврзување со Google аналитика | ||||
Интегриран Google Ads | ||||
Интегриран Google shopping | ||||
Прoдавница/поврзување на Facebook | ||||
Интегрирани маркетинг алатки за статистика |
Тип услуга | Месечна претплата за договор на 12 месеци | Месечна претплата за договор на 24 месеци |
---|---|---|
Web Builder S | 799 | 699 |
Web Builder M | 1399 | 1199 |
Web Builder L | 2199 | 2099 |
Web Builder XL | 6600 | 6100 |
Решението е развиено од партнерот Блу Тек.
Цените се без ДДВ.