Говорни услуги
Услугата A1 Виртуелна централа нуди комплетно телекомуникациско решение базирано на IP телефонија, без да вложувате во инсталација на сопствена централа, како и за сервисирање за правилно функционирање на централата.
Услугата Ви овозможува:
- Намалување на телекомуникациските трошоци
- Напредно решение за телефонија во Вашата компанија, без трошоци за класична телефонска централа
- Едноставно користење на основни и напредни опции на телефонска централа
- Флексибилна промена и додавање на екстензии/телефонски линии и телефони, без ограничување на максималниот број на екстензии и телефони
Со користење на услугата A1 Виртуелна централа, ја заменувате класичната PBX централа со виртуелна централа која се наоѓа во дата центарот на A1. Со избор на ова решение ги добивате функционалностите на класична телефонска централа, без трошоци за купување и одржување на централа и останата телефонска инфраструктура.