Поврзување на локации
A1 Ethernet - Ваша приватна мрежа
Услугата A1 Ethernet овозможува податочно поврзување на оддалечените локации на Вашата компанија во Ethernet податочна мрежа. Новите локации можат на едноставен и брз начин да се додадат во постоечката податочна инфраструктура. Претплатата за услугата е во зависност од брзината на пристап. Реализираниот сообраќај не се наплаќа.
A1 врши надзор, односно ја контролира достапноста и безбедноста на Вашата приватна мрежа. Услугата вклучува наем и користење на соодветна терминална опрема на која на еден мрежен приклучок (LAN port) се испорачува договорената податочна врска.
Топологијата на поврзување може да биде:
- Точка-до-точка (Point-to-Point, PTP)
- Повеќе точки - до повеќе точки - (multipoint-to-multipoint, MPTMP)
- Сите останати топологии
A1 IPVPN - Виртуелна приватна мрежа
Услугата A1 IP VPN Ви нуди едноставно и финансиски поволно решение за проширување на корпоративната мрежа заради остварување на најквалитетна комуникација помеѓу Вашата компанија и Вашите оддалечени локации. A1 MPLS мрежата овозможува сигурна размена на податоци на L3 ниво.
Услугата Ви овозможува:
- Максимална сигурност на податоците
- Заштеда во капитални инвестиции со контрола и планирање на трошоците за мрежа
- Комуникација помеѓу сите локации на компанијата
- Современа мрежна опрема
- Флексибилност - едноставно додавање на нови локации во коорпоративната мрежа
- Управување и надзор на мрежата
- 24/7 корисничка поддршка
A1 Corporate Access - Мобилен пристап до Вашата корпоративна мрежа
Услугата A1 Corporate Access е наменета за бизнис корисници на кои им е потребен безбеден мобилен пристап до сопствената корпоративнa мрежа. Без разлика каде и да сте, ќе можете да пристапите до своите податоци како што вообичаено пристапувате кога сте во Вашата канцеларија, од персонален компјутер, лаптоп или мобилен телефон.
Услугата Ви овозможува:
- Мобилен пристап до Вашата корпоративна мрежа
- Поголема ефикасност во работењето
- Достапност до своите податоци и кога сте надвор од канцеларијата
- Достапност на услугата насекаде низ Македонија
Високото ниво на безбедност се постигнува со комбинација на постоечки интернет стандарди и типови на сигурност кои се користат во мобилната технологија. Брзината на пренос на податоци зависи од типот на уредите од кои пристапувате и покриеноста на територијата со различни технологии.