Корисничка поддршка
Кои документи ми се потребни за да го префрлам бројот на друго име за деловни корисници?
Присуство на двајцата корисници (стариот и новиот) на продажното место.
Новиот корисник потребно е да донесе документација како за нов постпејд корисник:
• валиден печат од правниот субјект;
• согласност за проверка на платежната способност, (согласност за доставување извештај од Македонското кредитно биро АД Скопје);
• извод од банка не постар од 1 (еден) месец;
• валиден документ за лична идентификација (Лична карта или пасош од лицето кое го потпишува договорот, а тоа може да биде законски застапник, вработен или трето лице кои се овластени со нотарски заверено полномошно); и
• доколку од апликантот се бара услуга за која има инсталација на опрема, со приложените документи при поднесување на барањето за активација треба да се потврди и адресата за инсталација, а за потврда на адресата за инсталација треба да се достави валиден документ како доказ за владение со имот - договор за закуп, купопродажен договор, имотен лист.
Стариот корисник потребно е да донесе:
• лична карта или пасош од лицето што го потпишал стариот договорот; и
• печат од правниот субјект.