Корисничка поддршка

Користам фиксни услуги, како да креирам корисничко име за „Мојот А1“?

Доколку користите фиксни услуги, ќе можете да креирате корисничко име на мобилната апликација „Мојот A1“ со тоа што верификацијата ќе се направи преку мобилниот контакт број што го имате оставено како податок во A1. Услов за регистрација е да имате валиден мобилен контакт број.

Постапка за креирање корисничко име:

Изберете тип на услуги што ги користите:

  • мобилни и конвергентни (одберете го полето „Мобилни“, ако имате барем еден A1 мобилен претплатнички број); или
  • фиксни услуги (изберете го ова поле, ако имате само фиксни услуги од A1).

Доколку изберете „Фиксни услуги“, внесувате фиксен број преку кој сакате да креирате корисничко име.

Во SMS-порака ќе добиете безбедносен код на Вашиот мобилен број што е заведен како контакт број за конкретниот корисник. Доколку немате регистрирано валиден контакт број, тогаш е потребно да се јавите во нашиот Контакт центар на 077 1234 за да ги ажурирате Вашите податоци.

Откако ќе го внесете точниот безбедносен код, продолжувате кон следната страница на креирање корисничко име.

Доколку немате валиден мобилен контакт број или имате фиксен контакт број, ќе добиете инструкција да се јавите во Контакт центарот за ажурирање податоци (што значи дека ќе треба во Контакт центарот по стандардна верификација да оставите мобилен број за контакт за да може да се креира корисничко име).

Доколку за таа фиксна линија веќе постои корисничко име, ќе Ви биде понудено да се логирате преку постоечкото корисничко име, со тоа што новата лозинка ќе биде пратена преку SMS на Вашиот мобилен контакт број.

Погледнете го видео туторијалот што ќе Ви помогне како да креирате корисничко име на апликацијата „Мојот А1“:

 

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања