Корисничка поддршка
Како да креирам корисничко име на мобилната апликација „Мојот A1“?
Кликнете на линкот – Нов корисник.
Изберете тип на услуги што ги користите:
- мобилни и конвергентни (одберете го полето „Мобилни“, ако имате барем еден A1 мобилен претплатнички број)
- фиксни услуги (изберете го ова поле ако имате само фиксни услуги од A1)
Внесете го Вашиот телефонски број во означеното поле.
Потоа кликнете „Испрати SMS-код“.
Во SMS-пораката ќе добиете безбедносен код што треба да го внесете во означеното поле и потоа да кликнете на „Најави се“.
Потребно е да ја внесете лозинката од претплатничкиот договор за соодветниот телефонски број. Ова поле не е задолжително, но доколку не се пополни, ќе имате лимитирани привилегии односно нема да имате пристап до податоците за сите услуги што Ви се под претплатничкиот договор. Доколку имате повеќе услуги од A1 под истиот претплатнички договор, Ве советуваме да ја внесете лозинката и да добиете Master привилегии.
Претплатнички договор e Договорот потпишан при активација на телефонскиот број. Доколку не ја знаете лозинката, Ве молиме јавете се во Контакт центарот (077 1234).
Внесете ги Вашите податоци.
Доколку успешно го креиравте Вашето корисничко име, ќе Ви се појави информација за успешна регистрација.
Внесете ги креираните корисничко име и лозинка и кликнете на „Најави се“. Во овој чекор имате можност да изберете дали да се најавите долготрајно преку вклучена опција „Запомни ме“ или привремено – за што треба да ја исклучите опцијата „Запомни ме“.
Доколку претходно веќе сте креирале корисничко име од погоренаведените чекори, при регистрација ќе Ви се појави листа на кориснички имиња што веќе сте ги креирале во минатото за претплатничкиот број од кој се најавувате. Ќе имате опција да го изберете корисничкото име преку кое сакате да се најавите од листата и ќе Ви биде пратена нова лозинка за тој профил преку SMS.
Погледнете го видео туторијалот што ќе Ви помогне како да креирате ново корисничко име на апликацијата „Мојот А1“:
Слични прашања
- Го заборавив корисничкото име/лозинка за „Мојот А1“, што треба да направам?
- Користам фиксни услуги, како да креирам корисничко име за „Мојот А1“?
- „Мојот А1“ – Плаќање сметка, префрлање припејд кредит и активација на дополнителен пакет
- „Мојот А1“ – Како да ја користите мобилната апликација „Мојот А1“
- Како да ја симнам мобилната апликација „Мојот А1“ и дали е бесплатна за користење?